Занимливости
Дали сте слушнале за растението „Глог“, се користело против срцеви и васкуларни заболувања уште од средниот век
Ова растение се смета за едно од најздравите растенија во светот, а тоа е воедно и растение со најдолга традиција на лекување. Кинезите некогаш од глог правеле ферментирани пијалоци. Подготовките на глог се едни од оние хербални лекови чие делување е клинички најобемно документирано. Глогот зајакнува и ја регулира работата на срцето. Покрај тоа, извонреден е регулатор на крвниот притисок. Многу студии потврдуваат дека пациентите со срцеви заболувања реагираат позитивно откако конзумирале глог, помалку се уморни и помалку доживуваат симптоми како што се недостаток на здив и „прескокнувања“ на отчукувања на срце.
Глог е едно од растенијата со најсилен смирувачки ефект. Помага при замор, недостаток на енергија, лош сон, отежнато дишење, вртоглавица, чукање на срцето, вознемиреност, нервоза и бучава во ушите. Важен е и во менопауза.
Може да се користи како помош при слабеење, бидејќи поттикнува елиминација на вишок вода од телото.
Исто така, штити од слободни радикали и спречува болести на крвните садови како што е артериосклероза. Бројни студии за глог утврдиле дека е безбедно и добро подносливо растение. Меѓутоа, глогот не се препорачува на бремени жени и доилки.
Иако глогот е безбеден за употреба, не се препорачува да се користи со некои лекови за срце. Најдобро е да се консултирате со лекар пред сами да се впуштите во лечењето со помош на глог.
Извор: denar.mk
Занимливости
Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување
Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.
Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.
Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.
Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.
Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.
По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.
/taratur
Занимливости
„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата
Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.
Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.
Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.
Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.
Занимливости
Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?
Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.
Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.
Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.
-
Кичево2 денаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево15 часаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Кичево2 дена„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Македонија9 часа„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (26 ноември)
-
Хроника2 денаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза2 денаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Хороскоп4 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
