Подкаст
(ВИДЕО) Со проф. Анис Сефиданис за низата нејасни работи околу најновата „AI“ технологија, не пропуштајте..
Професорот Анис Сефиданис во 4тата индустриска револуција на „Какаротски Муабети поткаС“. Ќе откриете многу нешта и истите ќе станат појасни околу целата „АИ“ технологија како и филозофијата позади истата.
Разговорот е како еден вид документарен филм за целото случување околу оваа нова индустрија.
Не пропуштајте:
Подкаст
(ВИДЕО) Елена Христова во најновата подкаст епизода „Какаротски муабети“, се кажаа и збор два за хитот од домаќинот „Ах тие очи зелени“
Во 12-тата епизода ја имаме прекрасната Елена Христова од култниот бенд „Баклава“. После толку м’жишча конечно имаме една дама која ќе не воодушевува со нејзиниот глас, стас и интелект.
На наше задоволство и задоволство на баба му од Виктор, а и наше секако, Елена Баклава во „какаротскине мубаети“, епизода во која го искинаја од зафркавање хост-ов за неговото музичко достигнуче, уживајте.
Подкаст
(ВИДЕО) Метеорологот Славчо Попоски во најновата 11-та подкаст епизода на „Какаротски муабети“, сѐ за времето и неговото анализирање!
Во најновата 11-та по ред епизода на „Какаротски муабети“ гостин беше нашиот соработник и дописник во областа на метеорологијата Славчо Попоски. Маркантен лик кој за себе признава дека не му е најдобра страна реториката за пред камери, но затоа пишаниот збор конкретно во она што љуби да го работи му е најдобрата страна, а за тоа говори народот кој од ден за ден сѐ повеќе го следи на социјалните мрежи како и на неговиот е-медиум „Метеоаларм“.
За тоа како почнал со метеорологија, како се анализира едно време за да биде во поголемиот дел точно, кој модели се користат и многу други работи, проследете го подкастот и уживајте во ексклузивите кои ви ги нуди м-р „Какаротски“:
Подкаст
(ВИДЕО) Игорче во „Какаротски муабети“ – „Што ако сум со Даунов синдром, вистина ја зборувам чесно со срце и душа“
За прв пат во историјата на поткастите во Македонија можеби и на Балканот имате можност да слушнете збор-два со великанот по име Игорче кој е добро познат на охридско-струшката јавност поради неговата работа на терен како продавач на списанието „Лице в Лице“.
Виктор вели, „ова е една од причините поради која го стартувавме во целиот поткасТ т.е да ги доближиме граѓаните од блиску со какви предизвици се соочуваат овие секојдневни а необични херои!
Воедно преку нашиот медиум, упатуваме јавна поддршка и апел да дадете допринос во неговата работа преку купувањето на списанието „Лице в Лице“, и се разбира помагајте и бидете благодарни за секоја секунда во вашиот живот.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за четврток (30 октомври)
-
Македонија1 денМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија1 денДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Временска прогноза1 денНа утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски
-
Спорт1 денВисоки признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
-
Скопје1 денСкопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци
-
Кичево23 минути„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
