Македонија
Младото момче Кристијан Коцев мора час поскоро да замине на лекување, ајде луѓе да спасиме млад живот – Донирајте!

Кристијан Коцев од карбинското село Долни Балван во штипско боледува од ретка генетска болест атаксија-телеангиектазија. За негово лекување во Истанбул во Турција потребни се 50.000 евра, но процесот очигледно мора да се забрза и Кико итно, час поскоро поради влошување на неговата здравствена состојба мора да замине на лекување, истакна јутјуберот Стефан Лазаров кој е еден од главните иницијатори за собирање донации за ова младо момче да замине на лекување, за конечно да му се насмевме на животот пред него!
Исто така апелираме до сите хумани луѓе кои се во можност да помогнат со донација на телефонските броеви, трансакциска сметка или „Online“ преку мрежата на „Gofundme“ – ТУКА
Нашиот медиум се приклучи кон донациите, ДОНИРАЈ и ти!
Телефонски броеви:
А1: 143 471
Телеком: 143 130
Трансакциска сметка:
200004087594930, Стопанска банка АД Скопје, Катерина Коцева
АЈДЕ МАКЕДОНИЈО, РАЗБУДИ СЕ ДА СПАСИМЕ МЛАД ЖИВОТ!
Македонија
Охридската полиција спаси четири лица од пловен објект, откако вчера им се скршил дел од едрилицата

На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош.
Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица кои извикувале и барале помош.
Преземени се неопходните мерки и лицата се безбедно пренесени во полициската станица кај каналот „Студенчишта“.
Безбедно е извлечена и едрилицата на која, поради лошите временски услови со силен ветар и бранови, дошло до кршење на крмениот лист, по што, лицето кое ја управувало едрилицата, изгубило контрола врз пловниот објект, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Од ноќеска цената на дизелот драстично паѓа, еве колку ќе биде литар дизел гориво од полноќ

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит.
Извор: РКЕ
Македонија
Целосна забрана за движење во шумите

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.
Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до 31.08.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.
За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност, информира МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (29 јуни)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Кичево14 часа
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје22 часа
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Кајгана како од хотел: кремаста, богата и совршена со еден едноставен трик
-
Магазин2 дена
iOS 26: Ова се iPhone моделите што добиваат надградба
-
Магазин2 дена
Крај на една ера: Microsoft се збогува со „Blue Screen of Death“
-
Хроника21 час
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро