Кичево
Во вторник, дел од град Кичево и неколку улици ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН

Како што информираат од ЕВН за нашиот медиум, поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 27.06 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на дел од град Кичево, како и познатите улици кои бројат повеќе живеалишта:
- ул. 11-ти Септември, ул. Борис Кидрич (Од 09:00 до 12:00 часот)
- Дел од град Кичево и околината. (Од 10:00 до 15:00 часот)
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
(ФОТО) Во с. Челопеци кичевско изгаснат бил избувнат пожар на стрниште речиси до живеалишта

ТППЕ Кичево и денес со полни раце работа, имено како што известуваат до нашиот медиум, околу 17ч добиле повик за итна интервенција во кичевското село Челопеци, каде горела површина со стрништа лоцирана близу до куќите.
Со едно противпожарно возило и четири пожарникари за среќа истиот бил брзо санкциониран.
Апел за поголемо внимание!
Кичево
Викендов во Кичево СВР Охрид и ОВР Кичево реализираа „Соседска патрола“

Викендов во Кичево, Секторот за внатрешни работи Охрид и ОВР Кичево, ја реализираа превентивната кампања „Соседска патрола“.
Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, од Советот на родители, новинари/медиуми и други претставници, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2025“, во Кичево, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.
Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања.

СВР Охрид / ОВР Кичево и претставници на медиумите
Практично мотивот е преку широка општествен аакција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби, пред се од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, за угостителска дејност и сл, за Порта.мк извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО) Вчера официјално заврши дводневниот музички настан во Кичево, каде домашните музички имиња беа дел од одличните гала вечери!

Вчера и официјално се реализира и завршната гала концертна вечер во Кичево. „Addicted“ и Бојан Трајкоски, Алексо Тришоски, Бранислав Стојаноски, Бојан Дамјаноски & „The Twins“, Тоше Анѓелески, Распеани Кичевчани и Дарко Танески „Трубачко“ повторно ја разгорија сцената.
Упатуваме благодарност до сите посетители, да се надеваме дека традицијата ќе продолжи!
Мал дел фотогалерија преку објективот на Александар Тасески „Ace Records“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (6 август)
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за четврток (7 август)
-
Македонија2 дена
ОВР Македонски Брод санкционира пијан возач, управувал возило со 2,39 промили среде бел ден
-
Временска прогноза1 ден
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури
-
Lifestyle2 дена
Кога е најдобро да го јадете првиот оброк ако сакате да ослабете
-
Македонија15 часа
МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините
-
Lifestyle2 дена
Домашни тортиљи со само две главни состојки
-
Магазин2 дена
Јутјубер во живо го тестира издржливоста на Galaxy Z Fold 7 преклопувајќи го 200.000 пати