Македонија
Во Кичево скопјанец ќе одговара, ја терал ќерката да питачи
На 26.06.2023 во 11.00 часот во ОВР Кичево лишен од слобода е Џ.Д.(39) од Скопје.
Тој се сомничи за запоставување на својата должност за грижа и воспитување на неговата малолетна ќерка, која ја терал да врши питачење.
Полициски службеници, заедно со претставници на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, извршиле разговор и со малолетничката, а по целосно документирање на случајот против нејзиниот родител ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од МВР.
Македонија
АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано тешко моторно возило на патот, сообраќајот е во прекин, известува АМСМ.
Македонија
Во недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 28 март 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето за оваа година ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Со прекинот на летното сметање, во недела наутро, точно во 03:00 часот, часовниците ќе треба да се вратат еден час наназад, така што времето 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.
Оваа одлука е донесена во согласност со редовната годишна процедура за прилагодување на сметањето на времето и е во насока на усогласување со стандардите и регулативите што важат во земјите од Европската Унија.
Македонија
Денеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
Денеска е празник, 23 октомври, Ден на основањето на македонската револуционерна организација во Солун (ВМРО). Токму на 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата со што македонското национално-ослободително движење доби организиран облик, со мисија борба за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од странски земји.
Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење. Овој ден, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Нека е честит и вековит празникот на Македонската Револуционерна Организација.
/petrovec (архива)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (23 октомври)
-
Кичево6 часаУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Хороскоп18 часаХороскоп за петок (24 октомври)
-
Временска прогноза1 денПериодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
-
Македонија2 денаДенеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Македонија7 часаВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија7 часаАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
-
Мобилни уреди2 часа„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон
