Скопје
Г.г Стефан за „Сенародениот Собир в четврток“: Возљубени сите заедно имаме света должност, она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
– „Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата. Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје“, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Во прилог и обраќањето на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Скопје
Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди

На 02.09.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(57) од Скопје, паднал патникот Љ.Ш.(64) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, известува МВР.
Скопје
(ВИДЕО) СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје, во близина на угостителски објект, 11-годишно девојче било физички нападнато од страна на три девојчиња, а едно девојче го снимало нападот со мобилен телефон.
Деновиве видеото од нападот било објавено на социјалните мрежи и на еден портал, а настанот на 01.09.2025 во полициска станица го пријавил и таткото на нападнатото девојче, кој кажал дека за настанот дознал од социјалните мрежи, а неговата ќерка не му кажала ништо поради страв да не биде нападната повторно.
Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци во врска со кривичните дела „насилство“ и „неовластено снимање“, истакна МВР.
Скопје
СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека се отстранети техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните можат да го користат за било каква пријава или информација.
За истата намена редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат, соопшти МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево2 дена
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Македонија1 ден
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Свет17 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Lifestyle2 дена
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија1 ден
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Македонија16 часа
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“