Следете не

Култура

Денес муслиманскиот свет го слави верскиот празник „Курбан Бајрам“ – Честит да е, за многу години!

Објавено пред

на

Денеска, муслиманскиот свет го слави верскиот празник Курбан Бајрам. Празникот се слави во текот на четири дена и курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите, но и затоа што тоа го наредува Аллах џ.ш.

Еден дел од местото на курбанот се остава на домаќините, еден дел им се раздава на сиромашните и соседите, а еден дел се одвојува за гостите кои ќе дојдат на посета за време на Бајрам. За време на Курбан Бајрам се посетуваат возрасните, роднините, пријателите и соседите, се помируваат скараните, на децата им се подаруваат пари и бонбони и се посетуваат гробовите на починатите.

Честит Курбан Бајрам на сите муслимани во светот, со желба за крај на судирите, масакрите, омразата и гневот во целиот свет, и со надеж за мир спокојство, слога и подобро утро.

Култура

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Објавено пред

на

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и евангелска љубов, на 13 јули (недела) 2025 година – во денот посветен на Соборот на светите апостоли (Павловден), ќе се изврши торжествената хиротонија на избраниот Високопреподобниот отец Георгиј, кој со Божја благодат ќе биде ракоположен во епископски чин како Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Оваа служба ќе биде ЕДНОЦРКВИЕ за цела епархија и нема да има Литургија на други места, како и во кичевскиот градски храм.

Хиротонијата ќе се изврши во светиот храм „Света Софија“ во Охрид за време на Светата Архиерејска Литургија, со учество на повеќе архиереи од нашата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија и Јустинијана Прва и со присуство на верниот народ.

По повод овој долгоочекуван, благословен, историски и торжествен настан за целата МПЦ-ОА и за нашата Богомдарувана Дебарско-кичевска епархија, Кичевското архиерејско намесништво организира два бесплатни автобуси за верниот народ од Кичево и околината со вкупно околу 100 слободни места.

Тргнувањето ќе биде во 07:00 часот наутро, од пред новата општинска зграда (познато како старото место „Бебе“). По завршувањето на Литургијата, за сите присутни ќе биде обезбеден мал доручек (сендвич и вода).

Пријавувањето започна на 02.07.2025 (среда), во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево. Пријавувањето е задолжително, поради ограничен број места.

Во моментите кога ја чувствуваме и тагата на блаженоупокоениот, почитуван и незаборавен пастир, Митрополитот г. Тимотеј, Бог ни испрати нова надеж и духовна радост во лицето на новиот архиереј – послушен ученик на Христа и учител на многу клирици во МПЦ-ОА, г. Георгиј.

Затоа ве повикуваме сите кои се заинтересирани да земат учество во оваа радост со молитва и со љубов, да не го пропуштаат овој историски ден за целата Црква, известуваат од кичевската Парохија.

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес се слави Духовден, голем христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Овој празник, познат и како Педесетница, секогаш се одбележува во недела и трае три дена. Тој е единствениот меѓу 12-те големи празници кој нема претпразненство, но празничната атмосфера се чувствува во целиот период од Велигден до Духовден.

Во народната традиција, денот пред Духовден е познат како Задушница или „Мртва сабота“, ден посветен на душите на починатите, кога се изведуваат обичаи во нивна чест.

Празникот Педесетница се слави токму 50 дена по Велигден и е поврзан со еврејската традиција – кога Евреите го добиле Законот на Мојсие на Синај. Во христијанскиот контекст, тој ден ја одбележува дарбата на Светиот Дух врз апостолите, што се смета за основање на Христовата црква.

Според Библијата, на тој ден апостолите биле собрани заедно, кога одеднаш се слушнал силен звук како од ветрот, а Светиот Дух во форма на огнени јазици слегол врз секој од нив. Сите почнале да зборуваат на различни јазици. Народот што го слушнал шумот се зачудил, некои мислеле дека апостолите се пијани. Тогаш апостол Петар објаснил дека тие се исполнети со Светиот Дух и повикал народот да се покае и крсти. Тоа го направиле околу 3.000 луѓе.

Овој момент е опишан во книгата „Дела на светите апостоли“, каде се вели дека тоа било исполнување на пророштвото на Јоил – дека Светиот Дух ќе се излее врз сите луѓе. Тоа е и остварување на зборовите на Св. Јован Крстител, кој најавил дека Христос ќе крштева со Светиот Дух и оган.

Поради ова, Духовден уште се нарекува и празник на Света Троица – бидејќи на овој ден се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со тоа, овој ден се смета за роденден на Христијанската црква.

Народни обичаи и верувања
Во македонската традиција, Духовден се смета за многу важен ден – не се работи, се оди на црква, се прават гозби и обичаи, а на места попладне се игра оро. Во некои села се практикува обредот „Скрсти“ – молитва за дожд и плодна година.

Во народното верување, се смета дека од Велигден до Духовден душите на мртвите се слободни и се движат меѓу живите, често престојувајќи на цвеќињата на дрвјата. Се верува дека на Духовден душите разговараат меѓу себе, а ако некој ставел уво на гроб можел да ги слушне како шепотат.

На Задушница се организираат трпези и се дели храна „за душа“. Се верува дека душите мора да бидат нахранети пред да се вратат во задгробниот свет. Затоа, луѓето раздаваат храна и вода, и не се јаде ништо додека не се раздаде. Ако некој не добие, душата му останува „непричестена“.

Традиционално, црквите, домовите и гробовите се украсуваат со зелени гранки и цвеќиња – симбол на обновување и духовна свежина. Оревовите гранки, пак, имаат посебна улога – според верувањата, тие привлекуваат души, а истовремено ги штитат алиштата од молци.

Локални обичаи
Во некои краишта, како селото Лески во Неврокопско, постои верување дека полето го чува змеј кој живее во пештера, па на Духовден му принесуваат курбан за да го заштити посевот од град. Ако не се изврши ритуалот, се верува дека ќе дојде несреќа.

Во тој ритуал, се коле овен на планински врв и крвта се пушта во пештерата – домот на змејот. Жените носат лепчиња и ги редат околу пештерата, а обредите се прават со чукање клепало.

Во многу места на овој ден на гробовите се оставаат бардачиња (дулиња) со вода. Тие се носат дома и се пие од нив „за душа“. Во некои краишта тие се оставаат на гробот и се дополнуваат со вода во текот на годината.

Се верува и дека оние што починале меѓу Цветници и Духовден одат директно во рајот. Во Гевгелиско, пак, се верува дека до Духовден мора да се пожнее јачменот, оти потоа доаѓаат силни ветрови што може да го уништат родот.

Прочитај повеќе...

Култура

(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат

Објавено пред

на

©porta.mk

Фрагмент од изјавата за Македонија и за Патриотизмот, составен дел од новиот филм со наслов „Подвижник“ на г-дин Илија Каров, кој е посветен на триесет-годишниот монашки пат на отец Партениј во рамките на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија

Интервјуто е снимено неколку дена после Божик 2025 г.
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 часа

ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско....

Култура2 часа

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и...

Автомобили7 часа

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе...

Lifestyle7 часа

Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите

Во летните денови, температурите во автомобилите можат да достигнат опасно високо ниво за само неколку минути – и тоа е...

Магазин8 часа

OpenAI подготвува нов веб-прелистувач со интегриран ChatGPT – револуција во начинот на сурфање?

OpenAI работи на развој на сопствен веб-прелистувач кој би можел целосно да го промени начинот на кој ги користиме интернет...

Македонија9 часа

Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за петок (11 јули)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија24 часа

ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни

На 10.07.2025 година, до 18:30 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се...

Скопје1 ден

Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници...

Македонија1 ден

(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази...

НАЈЧИТАНИ