Временска прогноза
Обновена метео анализа, утре дожд на секаде, ова се информациите.
Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад, утре на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму.
Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за кратко време кое може да услови локални поплавувања, силни електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Градот локално би можел да биде покрупен.
Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи и во случај на силни електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.
Во Скопје и околината исто така ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.
Температурите во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, додека за време на викендот ќе дува засилен северен ветер и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север, и истиот ќе услови намалување на температурите.
Барем одсега гледано, поголем топлотен Африкански бран нашата територија, како и територијата на целиот регион ќе не зафати во текот на следната седмица. Ако вака останат работите, тогаш би можеле да уживаме во вистинското лето и во стабилно и суво време, исполнето со многу сонце.
Истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
До петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд
Во Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот и истиот ќе условува да имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен јужен ветер.
И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен правец.
Локално за време на овој влажен воздушен бран ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани
Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде Ла Ниња зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен Ла Ниња па токму поради ова претстојната зима може да биде малку поладна само од последните неколку години, но не и најладна досега или зима на векот, таквата зима е далеку од нас.
Секако Ла Ниња оваа сезона ќе придонесе за повеќе врнежи како од дожд така и од снег, тоа значи дека снегот оваа зима ќе биде почеста појава кај нас и очекувам поснежна зима со поголем број на снежни денови, особено во повисоките населени места, планините и на скијачките центри. Поради Ла Ниња, растат условите да се соочиме и со повремени поголеми студови кои би предизвикале да имаме исклучително ниски температури на воздухот, но тоа не е нешто што не се случило во Македонија и ширум Балканот и секако нема место за никаква паника и ширење на истата.
Исто така, Ла Ниња повторно оваа сезона ќе донесе снег и во Скопската котлина и широкиот дел од Скопскиот регион. Оваа сезона поголеми се условите за повеќе врнежи од снег и во Скопје и околината со повеќе денови со врнежи од снег.
Да напоменам дека сезонските метео анализи служат како резерва околу тоа како би се одвивале временските услови и развојот на временската состојба во Реублика Македонија. Секако истите не се во целост сигурни и поради тоа што се работи за долгорочно анализирање на времето промени во анализата секако дека се можни.
Затоа граѓаните да ги следат моите секојдневни пократкорочни метео анализи кои се со голема веројатност за остварување, односно можност за остварување и за повеќе од 90 % сигурна метео анализа, за јавноста информира Славчо Попоски
Временска прогноза
На утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски
Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и кај нас се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
И во Скопје и околината следува стабилно и суво време со појава на магла и на ниска облачност наутро и во претпладневните часови.
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под нулата со што на повеќе места ќе има појава на мраз и на слана. Преку ден пак температурите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степен. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 3/4 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево2 денаД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (4 ноември)
-
Хроника12 часаД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Хороскоп11 часаХороскоп за среда (5 ноември)
-
Lifestyle2 денаКако да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
-
Магазин2 денаGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
-
Кичево23 часаВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
-
Магазин2 денаAmazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија
