Временска прогноза
Иде уште пожешко? Продолжува екстремниот топлотен бран, но не е тоа сè, доаѓа ли уште по екстремно..

Екстремно топлиот Африкански бран во Македонија продолжува и во следните денови, а во текот на следната седмица доаѓа неговиот максимум, кога ќе биде најтопло ова лето. Инаку ние како најголем метеоролошки медиум во Македонија прогласивме највисока опасност од екстремно високите температури, односно прогласивме црвен метео аларм, па затоа граѓаните да бидат крајно внимателни и да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности, а работниците да избегнуваат директна работа на сонце, затоа што Ув индексот има екстремно висока вредност (вредност 10).
Времето во Македонија и во следните седум до десет денови ќе биде стабилно, суво и сончево, но ќе започне да дува ветер претежно од западен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Врнежи не се очекуваат, што значи дека ќе имаме сушен период.
Температурите во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 35 степени, а на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу 40 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе надминуваат 40 степени, односно тие ќе се искачуваат и до 43 степени.
Следната седмица, односно во вторник и во среда барем според моменталните анализи, топлотниот бран кај нас ќе го достигне својот максимум и тогаш во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат дури до околу 45 степени, а можно е истите и да надминат 45 степени.
Во Скопје и околината температурите во следните денови ќе се искачуваат до околу, а во текот на следната седмица и над 40 степени.
Ноќите на повеќе места ќе бидат тропски, што значи дека температурите нема да се спуштаат под 20 степени, и тоа особено во Скопје, како и во централните и во југоисточните предели од Македонија.
НАПОМЕНА: Горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат и над 50 степени, понекаде можно е и до близу 60 степени.
Автор на текст Славчо Попоски
Временска прогноза
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
-
Хроника4 часа
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
-
Македонија19 часа
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза1 ден
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија1 ден
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина16 часа
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје