Следете не

Временска прогноза

Денешниот ден во Македонија беше најтопол ова лето

Објавено пред

на

Денешниот ден во Македонија беше најтоплиот досега ова лето. Веќе подолг период нашата територија се наоѓа под влијание на голем топлотен Африкански бран кој условува екстремно високи температури на воздухот, но и екстремно висок Ув индекс кој има вредност 10.

Во продолжение следуваат измерените максимални температури на воздухот во Македонија во текот на денешниот ден

Денес во Охрид беа измерени 35 степени, во Прилеп 36 степени, во Битола и во Виница беа измерени 38 степени, во Гевгелија 39 степени, во Скопје – Петровец, како и во Скопје – Зајчев рид 40 степени, во Кавадарци 41 степен, и најтопло денес беше во Демир Капија каде беа измерени дури 42 степени.

Напомена: Горе наведените измерени максимални температури на воздухот низ Македонија се измерени под сенка, додека на сонце истите беа многу повисоки, истакна Попоски

Временска прогноза

Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на нов поголем влажен бран од запад и од северозапад од ноќва кон утрешниот ден (понеделник 6 октомври) како и во понеделник преку денот и во вторник (6/7 октомври) во Македонија повторно времето ќе биде претежно облачно и повторно поладно со повремени врнежи од дожд и тие локално ќе бидат обилни а поради падот на температурите повторно на планините над 1300/1400 метри надморска височина ќе имаме врнежи од снег.

За време на овој влажен бран локално повторно ќе наврне значително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Сето ова ќе биде проследено со умерен повремено засилен ветер од северен правец.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од северен правец. Повремено врнежите ќе бидат пообилни а на околните повисоки планини ќе има повремени врнежи од снег.

Што се однесува до температурите, тие утре и во вторник (6/7 октомври) и понатаму ќе бидат потпросечни за овој период од годината  и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 степени, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

(ФОТО) „Стража“ почна да белее, апел за поголемо внимание, еве какво време нè очекува овие денови

Објавено пред

на

©porta.mk

Под влијание на циклонска активност  и на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток, односно од Русија која се спушта кон нашиот дел од Европскиот Континент, до крајот на денов како и утре (петок 3 октомври) времето во Македонија ќе биде облачно и невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври со врнежи од дожд кои во најголем дел ќе бидат обилни и ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, локално и над 60 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.

На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег  и на планините ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона (над 50/60 сантиметри снег). Поради заладувањето понатаму повремени врнежи од снег ќе има  и во дел од повисоките градови во западните  и во северните предели од нашата Македонија.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период исто така ќе биде невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври а ќе дува  и повремено засилен ветер од северен правец. Времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места од Скопје ќе има врнежи од снег. Во Скопскиот регион очекувам локално да наврнат над 30/40 литри дожд на метар квадратен а на околните планини ќе се формира снежна покривка.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а утре (петок 3 октомври) ќе биде уште поладно со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На планинските  и високите места температурите ќе бидат под нулата  и ќе има појава на мраз.

Апелирам доколку патувате низ планинските превои задолжително да понесете со себе зимска опрема  и да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради појавата на мраз  и обилните врнежи од снег, утрово истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дожд, студено време и снег, метеоролозите предвидуваат промена на времето и заладување!

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на Средоземен циклон кој секундарно ќе се формира и ќе влијае на времето во Република Македонија и тоа уште од денес (среда 1 октомври) почнувајќи од вечерните часови и ноќта кон утрешниот ден (четврток 2 октомври) и во текот на целиот утрешен ден четврток како и во петок (2 и 3 октомври) условувајќи облачно време со обилни врнежи од дожд насекаде во Македонија.

Во најголем дел од Македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен а локално дури и над 60 литри дожд на метар квадратен).

Во исто време од исток и од североисток, во Македонија ќе продира многу ладен воздух, невообичаен за самиот почеток на октомври и ќе услови засилен ветер од северен правец и многу ниски температури на воздухот. Токму поради ова на планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона. На планините, особено оние планини со поголема надморска височина локално ќе се формира снежна покривка дури од над 50/60 сантиметри снег.

Поради понатамошно заладување ноќта четврток кон петок како и во петок (3 октомври) снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така врнежи од снег ќе има и во дел од повисоките градови особено во западните и во северните предели од Република Македонија.

И во Скопје и околината за време на погоре споменатиот период ќе има обилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината ќе има големо заладување на времето.

Што се однесува до температурите, тие во четврток (2 октомври) ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а во петок (3 октомври) тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На повисоките и планинските места температурите ќе бидат под нулата и ќе има појава на мраз.

– Се на се пред нас е права зима уште во првите денови од месец октомври и температурите ќе бидат потпросечни дури и за повеќе од 10/15 степени што е премногу. Подгответе ја топлата облека и зимските гуми на возилата, и секако бидете крајно внимателни доколку патувате низ планинските превои и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег и снежната покривка, но и поради очекуваната појава на мраз поради минусните температури на воздухот, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија15 минути

Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи и истиот...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за вторник (7 октомври)

ОВЕН Слободно ризикувајте и дозволете му на личноста на која постојано размислувате како се чувствувате и кои се вашите намери....

Македонија16 часа

Од вечерва горивата со намалена цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат...

Хроника20 часа

Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско

На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна...

Кичево21 час

Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Денес се одбележува 82 годишнина од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (6 октомври)

ОВЕН Брзиот раст што му се случува на Овенот во последно време, овој викенд може да биде малку премногу за...

Временска прогноза2 дена

Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег

Под влијание на нов поголем влажен бран од запад и од северозапад од ноќва кон утрешниот ден (понеделник 6 октомври)...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (5 октомври)

ОВЕН Ќе бидете склони да се заљубите оваа недела. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и приоѓате...

Спорт3 дена

Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи. Уште една одлична фудбалска претстава на...

Кичево3 дена

(ФОТО) Директорот на БЈБ Јанев денес во посета на Кичево, Осломеј и Зајас

Во рамки на денешната работна агенда директорот на БЈБ г-дин Александар Јанев ги посети полициските одделенија во Зајас и Осломеј,...

НАЈЧИТАНИ