Кичево
(ФОТО) ОВР Кичево заедно со СВР Охрид викендов реализираа „Соседска патрола“

Викендов (28/29.07.2023 година) во Кичево, беше реализирана превентивна кампања – „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид и полициската станица Кичево, претставници на Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование при локалната самоуправа, претставници од Центарот за социјални работи и новинари, извршија превентивни обиколки на угостителските објекти како и на местата односно собиралиштата на отворен простор каде што во ноќните часови најчесто се собираат младите.
Целта на кампањата беше родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат, да се направи увид во однесувањето на нивните деца кога се надвор од домот, но и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.
Целта на проектот „Соседска патрола“ е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата, граѓаните и локалната заедница, односно локалните институции, а во насока на придонесување кон зголемување на степенот на безбедноста, намалување на можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, и секако – подигање на општествената свест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места преку доследно почитување на законските одредби пред се, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Во текот на летниот период, проектот „Соседска патрола“ ќе продолжи да се реализира на целото подрачје под надлежност на СВР Охрид, истакна портпаролот на СВР Охрид г-дин Стефан Димоски.
Кичево
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар

Доцна вечерва пожар избувнал во семеен стан во блокот на Ламелите во Кичево.
Подетални официјални информации за материјална штета и за повредени лица во несреќата немаме, но како што стигнуваат вести, неофицијално од за сега не релевантни извори од терен се шпекулира дека едно лице има подлегнато на повреди, како последица на случката.
– Очевидци кои се на лице место за Порта.мк сведочат дека патот кој води до блокот на Ламели каде бил несреќниот случај е привремено затворен за сообраќај, додека на терен се излезени Медицински екипи на ЈЗУ Општа Болница, ТППЕ Кичево и Полициски екипи при ОВР Кичево.
Подетални информации очекуваме во текот на утрешниот ден од СВР Охрид.
Кичево
(ВИДЕО) „Тргнете го ѓубрето од градот, нè задушивте!“: Кичевчани денес со нов протест за дивата депонија, најавија и по радикални мерки доколку нема решение

Во рамки да денешниот ден се реализираше и вториот најавен протест поради настанатата дива депонија, која како проблем е доста позната помеѓу јавноста и Кичево. Иако во барањата на организацијата беше да излезат надлежните и да кажат за проблемот и за евентуалното решение, не се случи ништо од тоа.
Во продолжение целосниот говор на Бојан Мишкоски – еден од организаторите на протестот.
Репортажа на колегите од „ТВ21“:
Репортажа на колегите од „МРТВ“:
Кичево
(ФОТО) Автошоп „Delta“ – Кичево прославува 25 години постоење, верификуван бренд „број 1“ за вашиот автомобил, сѐ на едно место!

Денес 1-ви мај се навршуваат точно 25 години постоење на Автошоп „Delta“ – Кичево, специјализирана продавница за авто-делови, козметика, пневматици и секаква галантерија. Во нивното 25 годишно постоење во нашиот град владејат одлична репутација на вистински бренд кој е нераскинлив дел од нашите потреби.
– Автошоп „Delta“ е застапник на реномираниот бренд „Exide“ акумулатори, продавницата е генерален застапник во Кичево и на светскиот квалитет на моторни масла и адитиви „Liqui Moly“, каде во 2023, 2024 и 2025 година на државно ниво освоија второ место по продажби на масла, додека претходни години исто така се рангирани на високо место.
Во склоп на Автошоп „Delta“ располагаат и со своја гаража за промена и монтажа на пневматици, балансирање со последниот бренд на машини, монтажа на најновиот бренд на радиа, промена на автомобилски сијалици.
И тоа не е се! Специјално за сите клиенти по повод 25-тиот роденден на Автошоп „Delta“, месец мај ќе биде месец со попуст на целиот асортиман на продукти, затоа искористете го, пазарете и бидете брзо услужени, за сите кои неможат да го подигнат продуктот, Автошоп „Delta“ ќе изврши достава, така што истиот ќе ви го донесе на вашата сакана локација.
Продавницата се наоѓа на добро познатото место, ул „11-ти септември“ во непосредна близина на кружен тек кај Полицијата, работно време секој ден освен недела од 08:00 до 20:00ч, официјални контакт броеви: ☎️ 071/223-646, 071/223-864 и 045/225-095 ☎️
Среќен роденден и успех понатаму!
-
Кичево1 ден
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (8 мај)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (9 мај)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид одржа свеченост по повод 7-ми мај „Денот на Полицијата“
-
Гејминг2 дена
(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“
-
Македонија2 дена
Малолетник од Блаце украл мотор, па експресно бил пронајден од Полицијата
-
Спорт2 дена
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими
-
Македонија19 часа
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода