Временска прогноза
Од утре во целиот регион интензивни врнежи од дожд, Попоски апелира за страшна временска непогода и силен ветер

Од вечерва, па за време на викендот, Џеновски циклон ќе донесе снег во Алспкиот регион и страшно невреме на Балканот, но овој пад невремето нема да ја одмине нашата држава, односно невремето ќе ја зафати и нашата Македонија.
Од ова страшно невреме од вечерва, а особено од утре па за време на викендот на многу места во целиот регион се очекуваат интензивни врнежи од дожд, поројни поплави, силни грмежи, бурен ветер, како и појава на град, кој локално би можел да биде и крупен. Од невремето ќе биде зафатен и Јадранот.
Да напоменеме дека повторно постои опасност од појава на торнадо.
Ова невреме кај нас ќе пристигне во сабота попладне и во вечерните часови и на повеќе места ќе услови интензивен пороен дожд, силни грмежи, бурен ветер, како и појава на град , кој локално би можел да биде крупен.
Поради очекуваното силно невреме, препорачуваме граѓаните да бидат крајно внимателни.
Од недела очекуваме и позначителен пад на температурите (за околу 10 степени, понекаде и тоа особено во северните предели и за повеќе од 10 степени). Сето ова ќе биде поради продорот на значително посвеж воздух од север, а ќе дува и засилен ветер од северен правец.
НАПОМЕНА: За време на овој бран на врнежи и на невреме, локално ќе наврне значително количество на воден талог за релативно кратко време (над 25 л/м2). Постои опасност од локални поројни поплави! Во регионот локално ќе наврнат дури и повеќе од 80 л/м2 воден талог.
Инаку опасноста од поплави и од чести врнежи, како и од временски непогоди ќе ја има се до крајот на ова лето, но и во есенските месеци. Можни се нови Суперќелиски облаци и временски непогоди, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
-
Хроника9 часа
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Македонија1 ден
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза1 ден
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија1 ден
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина22 часа
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Скопје9 часа
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор