Спорт
Во среда младата репрезентација на Македонија до 18 години ќе одигра контролен натпревар со Унгарија

Репрезентацијата на Македонија до 18 години на 9. август ќе одигра една контролна пресметка против соодветната селекција на Унгарија.
Контролната средба помеѓу Македонија и Унгарија ќе биде одиграна на стадионот во „Ѓорче Петров”. Натпреварот е закажан за во 17 часот.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ интензивно се подготвуваат овие неколку дена за претстојниот дуел со квалитетна селекција на Унгарија.
Младата репрезентација на Македонија до 18 години е сместена во хотел Парк, во Скопје.
Селекторот на нашите млади фудбалери, Вујадин Станојковиќ за претстојниот предизвик се одлучи да ги повика следните играчи:
Голмани: Славе Вргов (А.П. Брера), Амар Хаџибулиќ (Работнички);
Одбрана: Анес Мелиќи (Шкендија), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Бојан Ивчески (Победа), Теодор Хаџи Попоски (Работнички), Андреј Љубевски (Работнички);
Среден ред: Максимилијан Димитријевски (Борусија Минхенгладбах, Германија), Давид Ристовски (А.П. Брера), Милот Синани (Арау, Швајцарија), Алтин Нурединовски (Њу Старс), Алмир Подграѓа (Работнички), Никола Манојлов (Работнички), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Андреј Силјаноски (Пелистер);
Напад: Матеј Гаштаров (Вардар), Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Тарик Демишоски (Македонија Ѓ.П.);
Во македонската репрезентација до 18 години беше повикан одбранбениот играч Андреј Велков од А.П. Брера, но поради обврските со првата екипа на тимот од Струмица, не доби дозвола за приклучување на таборот во националниот тим.
Мухамед Елмаз исто така не е приклучен во тимот, доби дозвола од селекторот, бидејќи моментално е во Холандија, на тренинг камп во Гронинген.
Вујадин Станојковиќ, селектор на репрезентацијата на Македонија до 18 години.
„ Овие фудбалери созреваат и на физички и на психолошки план. Како селекција одиме во нагорна линија, се подобруваме и верувам дека можеме да бидеме само подобри во иднина. Радуваат нашите претходни средби со Романија и Црна Гора, каде што успеавме да одиграме навистина добро и да оствариме по една победа против две добри селекции. Создаваме добар колектив, овие млади деца полека стануваат вистински фудбалери кои ќе бидат подготвени да се борат за место во првиот тим на своите клубови.
„ Генерално, Унгарија секогаш располага со квалитетна сениорска репрезентација, што претставува резултат на одличната работа во младинските селекции. Имаат одлични фудбалери и таленти во сите младински категории.
„ Почеток на сезона е, нема да биде лесно, но верувам во моите фудбалери. Поголемиот дел од играчите веќе месец дена се во добар тренажен процес, бидејќи работат со првиот тим во своите клубови и верувам деа ќе бидат подготвени целосно да одговорат на овој предизвик.
„ Имаме доволно време да се подготвиме за квалификациите што не очекуваат наредна година. Се надевам дека од оваа генерација ќе излезат фудбалери како Фазлагиќ, Атанасов, Чурлинов, кои ќе бидат носители во селекцијата до 21 година и А репрезентацијата на Македонија.
Спорт
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска спроведе најголема досега донација на спортска опрема наменета за младинските екипи што се натпреваруваат во рамките на системот на ФФМ. Вкупно 42 клуба од Супер младинската лига, како и од Втората и Третата младинска лига, добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци) и дополнително по 30 фудбалски топки.
На свеченото доделување, што се одржа во „Куќа на фудбалот“, присуствуваа претставници на клубовите, а чест да ги поздрават имаа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и фудбалските легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов, кои испратија порака за понатамошна поддршка и заеднички развој на младинскиот фудбал.
Со оваа донација опфатени се 1.848 млади фудбалери, а нејзината вкупна вредност изнесува околу 150.000 евра, средства целосно обезбедени од ФФМ.
Повеќе за ова ќе најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)
Спорт
Офанзивецот на „црвените ѓаволи“ на чекор до шпански Бетис

Бразилскиот офанзивец на Манчестер Јунајтед, Антони, се наоѓа на чекор до повторно приклучување во редовите на Бетис, откако двата клуба најдоа заеднички јазик околу надоместокот за трансферот.
Според информациите на „Атлетик“, англискиот клуб ќе инкасира 25 милиони евра од продажбата, а ќе задржи и 50% од евентуалната негова идна препродажба.
Со ова решение е надмината клучната пречка – андалузискиот тим немаше финансиска моќ да понуди повеќе, но доколку Антони повторно заблеска во зелено-белиот дрес, Јунајтед може да оствари дополнителна заработка.
Антони пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година од Ајакс за 95 милиони евра, каде повторно соработуваше со својот поранешен тренер Ерик тен Хаг. Сепак, тешкотиите со адаптацијата и ограничената минутажа, дополнети со недоразбирањата со новиот стратег Рубен Аморим, доведоа до тоа неговото заминување да стане неизбежно.
Минатата пролет 25-годишникот настапуваше како позајмен играч во Бетис и остави одличен впечаток – на 26 средби постигна 9 погодоци и запиша 5 асистенции. Од тој момент клубот од Севилја постојано настојува да го врати во своите редови, но Јунајтед инсистираше на повисока сума.
Сега, откако не е дел од плановите на Аморим, постигнат е компромис и Бразилецот ќе се врати на „Бенито Виљамарин“.
Во меѓувреме, Бетис ја започна новата сезона во Ла Лига со осум бодови по првите четири натпревари и по паузата за репрезентативни настапи го очекува гостување кај Леванте.
Извор: thesun
Спорт
Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија

Кошаркарската селекција на Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја Литванија со убедливи 107:88 во рамки на третото коло од групата Б.
Главна фигура на натпреварот беше Денис Шредер, кој блескаше со 26 поени и 10 асистенции, а покрај него се истакна и Франц Вагнер со 24 поени и 7 скока. Даниел Тајс имаше беспрекорно издание – постигна 23 поени со шут 9/9 од игра. На спротивната страна, Рокас Јокубаитис беше најефикасен за Литванија со 20 поени, додека Јонас Валанчиунас придонесе со 14.
Сепак, дуелот не мина без сенка. За време на паузата на полувремето, дел од литванските навивачи се однесуваа расистички кон темнокожите играчи на германската репрезентација.
🇩🇪 Dennis Schroder revealed that he was the target of “monkey noises” during the game against Lithuania!
Racism has no place in sports or in real life ✊🏿 pic.twitter.com/ARwFIKqCe5
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) August 30, 2025
– „Навистина е разочарувачки – се слушаа непристојни звуци од трибините. Тоа нема место ниту во кошарката, ниту во било кој спорт,“ изјави Шредер за МагентаСпорт по натпреварот. Тој додаде дека некои навивачи биле отстранети од арената, а ваквите инциденти спореди со ситуациите што ги доживува Винисиус Жуниор во фудбалот.
Неговиот соиграч Исак Бонга рече дека не ги забележал навредите бидејќи бил фокусиран на играта, додека помошниот тренер Алан Ибрахимагиќ потврди дека во соблекувалната немало дискусија на оваа тема.
Со овој триумф, Германија останува непоразена и го зацврстува првото место во групата, додека Литванија падна на скор од две победи и еден пораз
-
Кичево8 часа
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Кичево1 ден
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Македонија16 часа
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Автомобили2 дена
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар
-
Мобилни уреди2 дена
„WhatsApp“ одстранил сериозен безбедносен пропуст за „iPhone“ уредите
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за вторник (2 септември)
-
Скопје1 ден
СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција