Временска прогноза
Топло преку ден, но вечерните и утринските часови ќе бидат драстично по свежи, ова се најновите метео вести..

Во следните денови во Македонија ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува ветер претежно од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Исклучок ќе биде четврток, кога особено попладне ќе има појава на локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утрата и понатаму ќе бидат свежи со температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени во најтоплите југоисточни предели од државава. Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на постепен пораст.
Особено повисоки максимални температури ќе имаме за време на викендот и тогаш тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 34 степени..
Во Скопје и околината во четврток ќе има услови за локална и краткотрајна појава на попладневна нестабилност. Ќе дува ветер претежно од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 14 степени, а пак максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 30 степени.
Барем според сегашните анализи со кој располагаме, умерен топлотен Африкански бран нашата територија ќе ја зафати во текот на следната седмица. Истиот нема да донесе екстремно високи температури на воздухот. Многу повеќе детали околу ова следуваат во следните метео објави од наша страна, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево22 часа
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (10 јули)
-
Временска прогноза1 ден
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Македонија18 часа
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Скопје2 дена
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар
-
Скопје15 часа
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
-
Македонија22 часа
ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден