Следете не

Македонија

МВР распиша оглас за прием на 600 извршители на работно место полицаец

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти.

Имено, за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, во Секторот за внатрешни работи Охрид се отворени места за 100 извршители,  прием за 30 извршители е овозможен во Секторот за внатрешни работи Тетово, по 20 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Куманово, Штип, во Одделот за заштита на определени личности и објекти, како и во Регионалните центри за гранични работи Север и Запад. По 15 извршители се бараат во секторите за внатрешни работи Битола и Велес, а по 10 извршители во регионалните центри за гранични работи Исток и Југ.

Покрај општите услови наведени во огласот, кандидатите треба да исполнуваат и посебните услови, и тоа потребна телесна висина од најмалку 175 см (мажи), 165 см (жени) и висока лична физичка подготвеност, а во потребната документација како доказ за исполнување на потребните услови за работното место се извод од матична книга на родените, диплома за завршено четиригодишно средно образование и две фотографии (3,5 см х 4,5 см), како и своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

По спроведената постапка за селекција, која опфаќа административна селекција на поднесената документација, проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути  и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата), потоа тест за интегритет и психолошки тест, општо-образовен тест, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи.

Избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на неа се упатуваат за 10 проценти поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас, не сметајќи го денот на самото објавување. Ненавремената и непотполна документација нема да се разгледува.

Кандидатите се охрабруваат да ја посетат веб страната на Министерството за внатрешни работи www.mvr.gov.mk, од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.

Македонија

16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач

Објавено пред

на

На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој  го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник.

Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор.

По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Се вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол

Објавено пред

на

На 23.11.2025 во 23:00 часот во с.Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Н.В.(20) од с.Ратавица. Претходно, околу 21:30 часот на излезот од с.Ратавица, тој со патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитан ограда на патот и излетал од коловозот, по што го напуштил местото. По преземени мерки тој е пронајден и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.

На 23.11.2025 во 20:30 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Љ.Д.(58) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд “ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.

На 23.11.2025 во 16:49 часот во демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го лишија од слобода М.П.(61) од с. Врбјани, општина Дебрца. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Поради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории

Објавено пред

на

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште.

Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см.

Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции.

Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти. ЈП „Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет.

Извор: ЦУК

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за вторник (25 ноември)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

Македонија16 часа

16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач

На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на...

Хроника17 часа

Едногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале

На 23.11.2025 во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во...

Македонија18 часа

Се вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол

На 23.11.2025 во 23:00 часот во с.Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Н.В.(20) од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (24 ноември)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Кичево2 дена

Ноќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко

На 23.11.2025 година во 01:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (23 ноември)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за сабота (22 ноември)

ОВЕН Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите...

Спорт3 дена

Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел

Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК...

Македонија4 дена

Поради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор...

НАЈЧИТАНИ