Спорт
Каранфилоски од тренинг кампот во Кичево: Огромна чест и задоволство да се работи со овие фудбалери

Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2006 година), моментално се наоѓа во Кичево на тренинг камп, каде што ќе се проверува и подобрува моменталната физичка форма на играчите пред претстојните предизвици.
Младата селекција предводена од селекторот Раде Каранфилоски кон крајот на август ја очекуваат два контролни натпревари против силната Турција.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Раде Каранфилоски даде свое видување и коментар за тренинг кампот во Кичево и претстојните натпревари што ја очекуваат оваа селекција
„ Организираме тренинг камп во Кичево се со цел да се провери и подобри моменталната форма на младите фудбалери. Ќе го искористиме овој период да се подобриме и на технички и тактички план во пресрет на меѓународните мечеви што не очекуваат кон крајот на месецот.
„ Наредната година, оваа генерација ја очекуваат квалификациите за пласман на Европско првенство. Овие тренинг кампови се од голема важност, како и самите меѓународните натпревари со другите селекци. Само така можеме континуирано да напредуваме, да растеме и созреваме како тим и подготвени да ги дочекаме претстојните квалификации.
„ Верувам максимално во оваа генерација, овие млади фудбалери поседуваат голем квалитет. Проблем за подигнување на квалитетот на оваа селекција претставува фактот што не успеа да се формира посебна паралелка за оваа генерација во рамките на ФФМ Академијата, поради мерките што беа превземени во времето на Ковид пандемијата.
„ Претставува голема чест и задоволство да се работи со најдобрите и најталентирани играчи во својата генерација, но нивниот развој и напредок најмногу ќе зависи од самите нив, како и тренажниот процес во нивните клубови.
Тренинг кампот на младата репрезентација на Македонија до 16 години ќе биде до 16 август. На 28 август, на програмата е првата контролна средба против силната селекција на Турција.
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
Спорт
Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.
Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.
Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.
Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.
Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.
ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!
Извор: ФФМ
-
Кичево2 дена
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги
-
Кичево1 ден
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“
-
Македонија1 ден
Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (8 октомври)
-
Кичево4 часа
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за четврток (9 октомври)
-
Хроника1 ден
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
-
Магазин1 ден
5 телефони со најдобри звучници во 2025 година