Македонија
Се огласи Телеком по прекинот во мрежата, велат корисниците ќе бидат обештетени

Почитувани корисници, прекинот на услугите предизвикан од оштетени главни магистрални оптички кабли на Телеком, настана поради градежни активности на трети страни. Санирањето на вакви големи штети подразбира повеќечасовна работа на терен. Нашите тимови интензивно работат и очекуваме за краток временски период сите услуги да станат целосно достапни.
Како компанија која се грижи за задоволството на своите корисници, се извинуваме за сите непријатности и на сите наши приватни и деловни корисници им доделуваме 10 GB мобилен интернет до крајот на месец август, 2023 година, се огласи Телеком на социјалните мрежи.
Македонија
Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Македонија
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.
„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“
Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.
95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.
Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честита 34-та година, самостојна и независна Македонија!“
Македонија
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици

Bиадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности , односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
Почнувајќи од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај.
Извор: АМСМ
-
Кичево1 ден
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево1 ден
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Музика4 часа
(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!
-
Кичево10 часа
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Спорт7 часа
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“
-
Кичево1 ден
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!