Скопје
До кога новинарите ќе бидат мета на напади? Денес екипа на „ТВ Алсат“ била нападната во старата скопска чаршија, ЗНМ до МВР бара итно да се спроведе ефикасна истрага и санкции!

Екипа на ТВ Алсат денеска била нападната додека била на должност и снимала на јавно место, така што прво вербално, а потоа и физички напад се случил во Старата скопска чаршија, додека двете новинарки на Алсат Ера Ѓакова и Сара Хоџа заедно со снимателот биле на терен. Лице кое има продавница во близина, без повод и причина со остар предмет им се заканувал на новинарките и на снимателот, дури и по живот. Потоа, без повод и причина, лицето физички го нападнало снимателот, нанесувајќи му повеќе повреди на различни делови од телото.
– „Си ја работевме нашата работа бидејќи новинарството многу голем дел е на терен. Снимавме на јавно место во Старата скопска чаршија без да нарушиме ничија приватност. Неочекувано ни се појави еден кој има дуќан во Старата чаршија, па сфативме дека е бербер. Почна да ни се заканува, особено на снимателот. Заканите беа – ќе те распарчам, пцовки и разни навреди. И покрај тоа што се обидовме да заминеме, лицето се врати во продавницата и излезе. Почна физички да го напаѓа снимателот, снимателот падна на земја и има повреди на различни делови од телото“, за нивниот медиум вели новинарката Ера Ѓакова.
При физичкиот напад била оштетена и опремата на снимателот, така што ЗНМ веднаш контактираше со новинарката од Алсат, Ера Ѓакова која беше видно вознемирена го потврдила инцидентот и даде конкретни информации дека:
- Екипата со која снимале на терен била нападната без причина од страна на непознато лице, ситуацијата била непредвидлива и многу вознемирувачка, особено за нападнатиот снимател а и за колешката Сара Хоџа на која ова не и е прв пат да биде нападната, „лицето по нападот се врати во дуќанот а потоа повторно излезе, но кога виде дека веќе се собраа минувачи да помогнат а и дека е повикана полициска екипа се упати во непознат правец”.
ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.
Заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, истакнаа од Здружението на новинари на Македонија, па оттука и ние прашуваме, до кога новинарите ќе бидат мета и цел на вакви напади, неможејќи да си ја работат својата работа?
Скопје
(ВИДЕО) СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје, во близина на угостителски објект, 11-годишно девојче било физички нападнато од страна на три девојчиња, а едно девојче го снимало нападот со мобилен телефон.
Деновиве видеото од нападот било објавено на социјалните мрежи и на еден портал, а настанот на 01.09.2025 во полициска станица го пријавил и таткото на нападнатото девојче, кој кажал дека за настанот дознал од социјалните мрежи, а неговата ќерка не му кажала ништо поради страв да не биде нападната повторно.
Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци во врска со кривичните дела „насилство“ и „неовластено снимање“, истакна МВР.
Скопје
СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека се отстранети техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните можат да го користат за било каква пријава или информација.
За истата намена редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат, соопшти МВР.
Скопје
Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, девет полициски службеници завршија на токсикологија

Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар.
Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика.
Како последица на настанатиот пожар девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба, истакна МВР.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (2 септември)
-
Спорт22 часа
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Македонија2 дена
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Македонија21 час
(ВИДЕО) Во Маврово заѕвони првото училишно ѕвонче на едно единствено прваче, маестро Џамбазов специјално го пречека и му посака среќа и успех
-
Временска прогноза18 часа
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер
-
Спорт2 дена
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија