Скопје
Поради снимање спот, овие скопски сообраќајници ноќта во недела ќе бидат затворени

Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги „Мелем продукција“ ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје.
Имено, во периодот од 23.00 на 27 август до 06.00 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде бул.„Илинден“, на потегот од крстосница со бул. „Св. Климент Охридски“ до ул.„Наум Наумовски Борче“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај, велат од МВР.
Скопје
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта, известува МВР.
Скопје
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против П.Г. (59) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 7 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Од април до август годинава, П.Г. примил награда од 10.000 евра за да интервенира со искористување на своето претпоставено влијание да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, односно наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд Скопје и пред Апелациониот суд Скопје.
Сведок-пријавител во постапката е управител на правно лице, кој најпрво почнал да добива информации дека спротивната страна во судски спор врши сериозно влијание врз судиите кои одлучувале во првостепените и второстепените постапки, давајќи поткупи за да се донесат одлуки во нивна полза. Сакајќи да ги провери таквите информации, од свој познаник-пензиониран судија добил контакт од обвинетиот, кој му бил претставен како “лице кое ги познава состојбите во судовите и е близок со судии од Апелациониот суд Скопје”.
Сведокот и неговиот брат се сретнале со осомничениот, кој директно им побарал 16.000 евра за да се завршел спорот во корист на правното лице – семејната фирма на сведокот. Ги уверувал дека другата страна давала многу повисоки износи, но судиите не сакале да се нафатат за да пресудат нешто што не било правно основано.
Бидејќи сведокот му кажал дека не може да обезбеди толку пари наеднаш, се договориле за исплата на три рати. На 30 април, чувствувајќи дека нема друг избор, сведокот му дал на осомничениот 5000 евра.
Осомничениот го уверил да не се грижи за исходот, па целиот период биле во комуникација во врска со постапката. Во тој период сведокот решил да ја пријави трговијата со влијание и при следната исплата на 5000 евра, осомничениот е лишен од слобода веднаш по приемот на парите, информира МВР.
Скопје
Поради недоразбирање во сообраќај кај Бит Пазар, физички се пресметале, едниот пукал со огнено оружје

На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје. Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал.
Како што е пријавено, после тоа Ќ.Ч. и лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката.
Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР за јавноста.
-
Кичево11 часа
ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч
-
Кичево8 часа
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за понеделник (18 август)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (17 август)
-
Скопје1 ден
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта
-
Спорт1 час
(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“
-
Македонија1 ден
Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа
-
Временска прогноза14 часа
Се чини полека летните горештини попуштаат, денес повторно нестабилно си повремен пороен дожд во попладневните часови