Магазин
Apple го менува софтверот за iPhone 12

Apple го менува софтверот за iPhone 12 Компанијата Apple најави промени на моделот на телефонот iPhone 12 за да се усогласи со правилата на Европската унија (ЕУ) за електромагнетно зрачење, објави денеска порталот Политико, а пренесе FoNet.
Американскиот технолошки гигант вети дека ќе обезбеди софтверски промени во следните неколку дена, потврди за порталот функционерот на француското министерство кое се занимава со ИТ прашања.
Претходно оваа недела, француските регулатори побараа од Apple да го повлече тој модел на телефон од пазарот бидејќи тестовите покажаа дека одредени параметри поврзани со зрачењето на телефонот ги надминуваат законските граници.
Регулаторите на другите европски земји, како Германија, Холандија и Белгија, тогаш најавија дека ќе го проценат и потенцијалниот здравствен ризик.
Кога Apple ќе го подобри софтверот, францускиот регулатор ќе провери дали уредот е во согласност со правилата за електромагнетно зрачење и ако се е легално, одлуката за повлекување на iPhone 12 од пазарот ќе биде променета.
/Danas
Гејминг
Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.
Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.
– „Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.
Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.
Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.
Lifestyle
Недостатокот на вода го зголемува одговорот на стрес

Луѓето кои не пијат доволно вода имаат поизразен биолошки одговор на стрес, покажува нова научна студија. Истражувачите откриле дека кај оние со низок внес на вода се ослободува повеќе од хормонот на стрес – кортизол, иако не чувствуваат поголема жед во споредба со оние кои се добро хидрирани.
Студија од Универзитетот Ливерпул Џон Мурс
Истражувањето е спроведено од експерти од Универзитетот Ливерпул Џон Мурс (Liverpool John Moores University – LJMU) и опфатило 32 лица. Половина од нив пиеле помалку од 1,5 литри вода дневно, додека другата половина ги исполнувале препорачаните упатства за внес на течности.
Според Европската агенција за безбедност на храната (EFSA), мажите треба да внесуваат околу 2,5 литри вода дневно, а жените околу 2 литри. Потребите можат да бидат уште поголеми при високи температури, физичка активност, закрепнување од болест или за време на бременост и доење.
Како изгледал тестот за стрес
Учесниците во студијата биле следени седум дена, при што им биле земани примероци од урина и крв. Потоа биле подложени на лабораториски тест кој симулирал интервју за работа. Секој имал десет минути да се подготви, по што давал интервју пред „лажна“ камера и панел од три лица во бели мантили. По интервјуто следела ментална аритметичка задача.
Професорот Нил Вош од LJMU го опиша овој тест како „навистина вознемирувачки“.
Резултати од истражувањето
За мерење на нивото на кортизол, научниците земале примероци од плунка пред и по тестот. Откриено е дека учесниците кои пиеле помалку вода имале значително повисоки нивоа на хормонот на стрес.
Интересно е што физичките реакции како забрзано чукање на срцето, потење на дланките и сува уста биле слични во двете групи. И покрај тоа, оние кои биле недоволно хидрирани покажале многу посилен хормонален одговор.
Кортизолот и неговото влијание врз телото
Кортизолот е примарен хормон на стрес кој се лачи од надбубрежните жлезди. Тој има важна улога во имунолошкиот систем, метаболизмот и регулирањето на крвниот притисок. Сепак, прекумерното ослободување на кортизол е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и депресија.
Извор: N1Info
Магазин
Threads достигна 400 милиони корисници месечно

Само две години по своето лансирање, Threads успеа да привлече повеќе од 400 милиони месечно активни корисници, позиционирајќи се како сериозен конкурент на X (поранешен Twitter).
Зголемување на бројот на корисници
-
Во последниот квартал, платформата додаде нови 50 милиони корисници.
-
Во април бројката изнесуваше 350 милиони, а во јуни веќе достигна 400 милиони.
Дневни активни корисници
-
Во јуни, Threads на iOS и Android регистрираше 115,1 милиони дневни активни корисници, што претставува раст од 128% во однос на минатата година.
-
X во истиот период достигна 132 милиони дневни активни корисници, но тоа е пад од 15% споредено со претходната година.
Клучни причини за растот
-
Воведување на директни пораки.
-
Интеграција со Fediverse.
-
Можност за прилагодени фидови.
-
Подобрување на вештачката интелигенција и персонализацијата на содржините.
Извор: PcPress
-
Хроника5 часа
Кичево и кичевско во тага по страшната трагедија која се случи вчера, каде по пад од четирицикл две малолетнички ги изгубија своите животи
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Пожарот во с.Душогубица кичевско сеуште активен, опожарени се пчелни сандаци и куќа
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (21 август)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за петок (22 август)
-
Култура23 часа
Бдение и Божествена Литургија по повод „Успение на Мајката Божја“ во кичевскиот Манастир „Св.Богородица Пречиста“, богослужение на човечка посветеност и небесната утеха, земната привременост и вечниот живот
-
Магазин1 ден
Nintendo Switch 2 поставува нов рекорд: продадени над 6 милиони конзоли за помалку од еден месец
-
Временска прогноза10 часа
Западните предели променливо облачно со засилен ветер и пороен дожд
-
Македонија1 ден
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, лишени од слобода две лица