Кичево
Нашиот кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ го прославува својот патрон, да се помолиме за здравје, мир и благосостојба!

Ни засветли светол и сечесен спомен. Се раѓа Живот, од беживотна утроба. На свет доаѓа Мајката на светот. Да ликуваат небесните, да играат земните, заедно со премудрите Јоаким и Ана. О, чудо преславно и необично, кој јазик може да ја воспее или која уста може да ја возвеличи Нејзината Красота. Посветла е од небесата и од зраците поблескава, Пречистата Царица.
Утре 21-ви септември православните верници го прославуваат Рождество на Пресвета Богородица или во народот позната како Мала Богородица.
Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.
Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја.
На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот во Калишта.
Овој свет храм е домот на единствената икона каде Мајката Божја е насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е црно.
Позната како Богородица во црно, иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот.
Оваа икона е една од највредните во Македонија и се верува дека има неверојатна лековита моќ.
Традиционално вечерва како и секоја година посетете го нашиот кичевски Манастир Св.Богородица – Пречиста и помолете се за здравје, душевен мир, благодет и љубов.
Нека е за многу години!
Кичево
(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето

Денес 08 август пред храмот „Св.Параскева“ позната како „Св.Петка“ во кичевското с.Мидинци се освети новиот Крст, симбол на нашата вера, надеж и вечен живот. Со голема желба, љубов и почит го дарува кичевчанецот Александар Велјаноски, наш пријател, кој потекнува од истото село.
Крстот е знак на победа над смртта, на љубовта Божја кон луѓето, денес го подигаме не само како духовен знак, туку како сведоштво дека нашата вера живее и се пренесува од поколение на поколение.
Голема благодарност изразуваме во име на црквата, селото и останатите до сите други кои помогнаа со своја работа, време, средства и љубов за реализација на овој чин. Вашиот придонес е духовен темел врз кој се гради заедницата, истакнаа мештаните на свечената манифестација одржана рано утрово во село Мидинци.
Инаку, Црквата „Св.Петка“ има богата и посебна историја. Нејзината првобитна локација била на повисоко место, но поради изградбата на железничката линија Скопје-Кичево, таа била преместена и повторно изградена далечната 1952 година, со помош на градежното претпријатие „Гранит“, а осветена била во 1963 година.
Денес на покана од г-дин Велјаноски бевме во посета на овој преубав храм, така што ТУКА направивме кратка видео репортажа во чест на големиот чин кој е за сите почести
За многу години!
Кичево
(ФОТО) Во с. Челопеци кичевско изгаснат бил избувнат пожар на стрниште речиси до живеалишта

ТППЕ Кичево и денес со полни раце работа, имено како што известуваат до нашиот медиум, околу 17ч добиле повик за итна интервенција во кичевското село Челопеци, каде горела површина со стрништа лоцирана близу до куќите.
Со едно противпожарно возило и четири пожарникари за среќа истиот бил брзо санкциониран.
Апел за поголемо внимание!
Кичево
Викендов во Кичево СВР Охрид и ОВР Кичево реализираа „Соседска патрола“

Викендов во Кичево, Секторот за внатрешни работи Охрид и ОВР Кичево, ја реализираа превентивната кампања „Соседска патрола“.
Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, од Советот на родители, новинари/медиуми и други претставници, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2025“, во Кичево, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.
Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања.

СВР Охрид / ОВР Кичево и претставници на медиумите
Практично мотивот е преку широка општествен аакција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби, пред се од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, за угостителска дејност и сл, за Порта.мк извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (7 август)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (8 август)
-
Кичево1 час
(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето
-
Македонија1 ден
МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах
-
Македонија1 ден
РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој
-
Култура10 часа
Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка
-
Lifestyle1 ден
Пет додатоци во исхраната што никогаш не треба да ги земате со кафе
-
Автомобили1 ден
Mercedes G-класата собори рекорд: произведен 600.000 примерок