Следете не

Спорт

Реализирана еднодневна судиска работилница и тренинг камп заедно со славниот судија од Холандија – Бјорн Кујперс

Објавено пред

на

ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со УЕФА, а на покана на претседателот на судиската комисија во рамки на ФФМ, Димитар Мечкаровски, организираше еднодневна судиска работилница и тренинг камп.

Вкупно 52 наши судии беа дел од семинарот и имаа исклучителна можност да го следат предавањето на  влијателниот член на судиската организација на УЕФА  и поранешен судија, Бјорн Кујперс, како и тренинг експертот за елитни фудбалски судии во УЕФА, професорот Вернер Хелсен.

Важниот настан за судиите во Македонија со поздравен говор го отвори генералната серетарка на Фудбалската федерација на Македонија, Наталиа Илиевска Божиновска.

– Среќни сме за укажаната можност заедно со судиската организација на ФФМ да ја организираме оваа работилница. Убедена сум дека претставува одлична прилика вашите знаења да ги проширите преку предвидениот теоретски и практичен дел. Уште повеќе што имате неповторлива можност да побарате стручно мислење од имиња кои оставиле траен белег во европскиот фудбал. Верувам дека тоа ќе биде од корист за сите нас. 

– За нас е важен и фактот што УЕФА дава безусловна поддршка на Фудбалската федерација на Македонија, а тоа придонесува и за континуиран напредок на нашите судии. Имаме федерација која секојдневно се грижи за развој на македонскиот фудбал и се стреми кон нови успеси. Меѓутоа, исто така знаеме дека тоа нема да го постигнеме без посветен пристап на секој поединец вклучен во работата на Куќата на фудбалот, вклучително и фудбалските судии како нераскинлив дел од фудбалската игра. Успехот на нашите судии во домашни и меѓународни рамки претставува гордост на Федерацијата. Од мое и од име на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини благодарност за вашиот придонес и за професионалниот пристап. 

На судиски семинар што се одржи во х. „Хилтон“, нашите судии детално ги елаборираа правилата на фудбалската игра, начинот на судење и подобрување на носењето одлуки во спорни моменти од натпреварите.

На овој семинар, свое теоретско предавање во врска со физичките норми кои треба да ги исполнуваат судииите одржа и главниот кондициски тренер и тренинг експерт на УЕФА, Вернер Хелсен.

Исто така беше одржан и тренинг камп на кој беа претставени најновите методи и технологии за тренинг. На тренинг кампот беше ставен и акцент на правилното носење на судиски одлуки, гледајќи ситуации преку ВАР системот.

Димитар Мечкаровски, претседател на судиската комисија на ФФМ

– За нашите судии овој семинар е од голема важност и претставува одлична можност подобро да се запознаеме со светска судиска величина како што е Бјорн Кујперс. Знаењето што ќе го споделува Бјорн Кујперс е од голема важност за нашите судии, за подобрување на нивната кариера и стекнување на поголемо знаење и самодоверба.

– Од име на Судиската организација сакам да се заблагодарам на претседателот и Управниот одбор на ФФМ што направија големи напори за да успееме да го организираме овој семинар, овозможувајќи им на судиите да научат многу од споделеното искуство на големо судиско име. Нашата соработка со Бјорн е одлична и од голема важност е што имаме прилика да биде наш предавач и во иднина. 

– За нас е важно да напоменеме дека судиската организација на ФФМ минатата сезона имаше  значајно успешна година. На нашите семинарии учество и предавања имаа многу влијателни луѓе како Вернер Хелсен, главниот фитнес тренер на судиите, Дагмар Дамкова, главна на женските судии и член на судиската организација на УЕФА и Педро Галан, главен и одговорен за футсал судиите на УЕФА.

– Ќе продолжиме на тој начин, со многу вложување и напорна работа се со цел да обезбедиме и да донесеме што е можно повеќе звучни имиња, кои се дел од судискиот одбор на УЕФА.

– Генерално судењето во Македонија бележи напредок, но секогаш може подобро. Посветеноста, одлучноста, желбата за напредок е очигледна кај нашите судии. Како претседател на судиската комисија можам да кажам дека ги имаме едни од најдобрите судии во Европа со исклучок на поголемите земји како Италија, Германија, Шпанија. Судиите во Македонија работат по европски терк. Тренизните што ги добиваат од фитнес тренерот Сашо Даневски, кој воедно е еден од соработниците на Вернер, се истите со кои се подготвуваат европските судии. Поради овој начин на тренинг и работа се бележи огромен напредок на нашите судии  во поглед на физичката подготвеност.

Исто така и работилниците што ги организираме за правилата на фудбалската игра се во тесна соработка и координација со Уефа семинарите. 

Спорт

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

Објавено пред

на

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Дополнително:

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Објавено пред

на

©porta.mk

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.

Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.

Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!

Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА

– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е  неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.

Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски

Број 7, Стефан Стојаноски

Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.

Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.

Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:

Прочитај повеќе...

Спорт

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Објавено пред

на

©porta.mk

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.

На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.

Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.

Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија4 часа

Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во...

Скопје7 часа

(ФОТО) Успешно реализиран првиот четиридневен „Startup Revolution AI Summit“ во Скопје со над 1200 учесници од регионот и пошироко

Четиридневниот Startup Revolution AI Summit, одржан од 27 до 30 ноември 2025 година, го претвори Скопје во најголемиот собирен простор...

Кичево7 часа

ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда

На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во...

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle8 часа

Идеално решение за мувла во бањата: експертски совети за ефикасна превенција

Мувлата во бањата е чест проблем со кој се соочуваат речиси сите домаќинства. Сепак, со неколку едноставни и практични мерки...

Фото: Taylor Beach @ unsplash Фото: Taylor Beach @ unsplash
Lifestyle8 часа

Патник споделува трикови за паметно пакување: „Носете ги најтешките предмети врз себе“

Паметното пакување може значително да ви заштеди простор, тежина и стрес при патување. Искусни патници советуваат дека со неколку едноставни...

ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com
Магазин9 часа

Disney инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и ги отвора своите легендарни ликови за вештачка интелигенција

Компанијата Walt Disney објави дека инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и потпишала тригодишен договор за лиценцирање, со кој корисниците...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин9 часа

По iOS 26.2, Apple оди чекор понатаму: 10 клучни функции доаѓаат со идните верзии на iOS

Протечени информации од внатрешниот програмски код на Apple откриваат амбициозни планови за идните верзии iOS 26.4, iOS 27 и iOS...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин9 часа

Apple ги објави најпопуларните апликации и игри за iPhone и iPad во 2025 година

Apple ја објави официјалната листа на најпреземаните апликации и игри за iPhone и iPad уредите за 2025 година, откривајќи кои...

На денешен ден12 часа

Времеплов: На денешен ден (15 декември)

На денешен ден 15 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Спорт21 час

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен...

НАЈЧИТАНИ