Спорт
Судиската анализа за 9-тото коло во првата македонска фудбалска лига истакна неколку погрешни проценки на судиите
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 9. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Гостивар – ФК Шкендија одигран на 01.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 23. минута.
Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Разме Бакрачески и Мартин Дејаноски;
23. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа при резултат 1:0 за домашната екипа)
Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч во шеснаесетникот на домашната екипа, соиграчот ја прими топката, си ја додаде странично топката и потоа играч од домашната екипа со телото, од зад грб на играчот направи недозволен старт (туркање).
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа и доделен жолт картон за играчот на домаќините (спречување ветувачка акција) поради недозволен старт туркање со телото противнички играч од зад грб.
На натпреварот ФК Брегалница – ФК Вардар одигран на 01.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 54. и 90+3 минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Слаѓан Марковски и Дарко Јовчевски;
54. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден слободен удар пред линијата на шеснаесетникот на гостинската екипа)
Играч на домашната екипа беше во посед на топка пред шеснаесетникот на гостинската екипа, гостинскиот играч сакајќи да ја избие топката направи недозволен старт (на ногата на противникот) пред самата линија од шеснаесетникот .
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа поради недозволен старт на играч на гостите над противнички играч.
Главниот судија беше добро поставен, со јасна прегледност на ситуацијата и донесе одлична одлука досудувајќи слободен удар.
90+3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (поништен гол за домашната екипа поради офсајд позиција при резултат 0:0)
Центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, голманот на гостите кратко ја одби топката која удри во телото на домашен играч и истата дојде до друг играч од екипата на домаќините, кој во моментот кога топката се одби од телото на неговиот соиграч се наоѓаше во очигледна недозволена офсајд позиција (зад претпоследниот играч од одбраната на гостите)
Исправна одлука и одлична соработка на главниот судија со вториот помошен судија, голот беше исправно поништен поради офсајд позиција, бидејќи топката кога се одби од телото на играчот на домаќините, неговиот соиграч се наоѓаше во очигледна офсајд позиција (зад претпоследниот играч од одбраната на гостите).
На натпреварот ФК Шкупи – ФК Струга Трим Лум одигран на 01.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 63 и 90+4 минута.
Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски;
63. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа и доделен втор жолт – ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 1:0 за домашната екипа)
Играч на домашната екипа додаде топка до свој соиграч во шеснаесетникот на гостинската екипа, играчот на домаќините ја прими топката и во тој момент гостински играч невнимателно со недозволен старт направи прекршок (на ногата) на противникот.
Исправна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа поради недозволен старт со посилен интензитет на ногата на противникот и доделен жолт картон за играчот на гостите, бидејќи тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
90+4 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА, СО ИСПРАВНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОД ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа, со брза и одлична интервенција од првиот помошен судија за промена на одлука на главен судија, да се поништи пеналот, при резултат 2:0 за домашната екипа)
Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, гостинскиот играч кој се наоѓаше до него минимално го допре со нога противничкиот играч и истиот падна.
Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа бидејќи немаше елементи за пенал, меѓутоа по брза асистенција и комуникација со првиот помошен судија, одлуката исправно беше преиначена, пеналот беше поништен и досудено беше судиска топка.
Одлична интервенција и одлука на првиот помошен судија.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ, немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 7. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 6. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Вардар Неготино – ФК Пелистер одигран на 30.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од 19. минута.
Главен судија: Марјан Младеновски; Помошни судии: Петар Новачев и Роберт Црвенов;
19. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа при резултат 0:0)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домашната екипа, противнички играч направи лизгачи старт и чисто ја изби топката во корнер, каде по стартот играчот на гостите падна.
Исправна одлука на главниот судија што досуди корнер за гостинската екипа, бидејќи стартот на домашниот играч беше чист и топката беше избиена без да има контакт со ногата на противничкот играч (немаше елементи за пенал)
На натпреварот ФК Беласица – ФК Охрид одигран на 30.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од 2 и 90+3 минута.
Главен судија: Фуркан Идризи; Помошни судии: Идриз Идризи и Хабиљ Ливорека;
2. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа при резултат 0:0)
Центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, играч на гостинската екипа ја изби топката со нога која потоа удри во неговото тело. Главниот судија ја прекина играта и досуди пенал за домашната екипа.
Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејќи играчот на гостите ја изби топката на регуларен начин и немаше никакви елементи за да се досуди пенал.
90+3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ЗА ДОДЕЛЕНИ ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ ПРИ МАСОВНА КОНФРОНТАЦИЈА (доделен ЦРВЕН картон на играч на домашната екипа и доделени втори жолти – ЦРВЕНИ картони за по еден играч од домашната и гостинската екипа)
Играч на домашната екипа на неспортски начин со насилничко однесување удри противнички играч без посед на топката, потоа станува масовна конфронтација помеѓу играчи од двете екипи.
Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на домаќините поради насилничко однесување (удирање противнички играч без посед на топка) и потоа во конфронтацијата доделени се по два жолти картони на играчи кои имаа веќе по еден картон и автоматски им беа доделени ЦРВЕНИ картони за два играча од обете екипа, поради неспортско однесување.
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Спорт1 денУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Македонија2 денаАМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
-
Македонија2 денаЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
-
Македонија1 денПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
-
Магазин2 денаRoblox ќе ги спречи децата да разговараат со непознати возрасни
-
Магазин2 денаЗа прв пат Android телефони поддржуваат AirDrop: овие четири модели можат директно да споделуваат фотографии со iPhone
-
Магазин2 денаMicrosoft ја враќа една од најбараните функции
