Следете не

Временска прогноза

Детали за утрешната временска прогноза, пад на температурите, на планините можно е провејување на снег

Објавено пред

на

Најврнежливо и најстудено со пад на температурите дури за повеќе од 10 степени во споредба со оние температури кои ги имавме до вчера ќе биде утре, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

За време на овој студен бран, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови во Македонија (над 2500 м.н.в) да дојде до првото провејување на по некоја снегулка за оваа сезона, а ќе треба да се вклучи и греењето во домовите.

Од средината на оваа седмица повторно температурите ќе бидат во пораст  и ќе биде потопло.

Да напоменеме дека за време на утрешниот поголем влажен бран од запад, најмногу врнежи ќе има во западните предели и локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог.

Инаку на многу планини во целиот регион веќе падна првиот снег, за порта пишува Славчо Попоски.

Временска прогноза

По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.

Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.

Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.

Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува  и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.

Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.

Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викендов ќе имаме сончево и пријатно време

Објавено пред

на

ФОТО: unsplash.com

Викендов територијата на Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува  и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација, времето кај нас ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец.

И во Скопје и околината викендов ќе имаме сосема слично време како и на другите места од нашата Македонија.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје  и околината максималната температура викендов ќе се искачи до околу 30 степени, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хроника55 минути

МВР со детали за убиството во Штип, приведени биле и помагачи на сторителот

На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за петок (9 мај)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Македонија18 часа

На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода

На 08.05.2025 во 09.15 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор...

Кичево1 ден

Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар

Доцна вечерва пожар избувнал во семеен стан во блокот на Ламелите во Кичево. Подетални официјални информации за материјална штета и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (8 мај)

Овен Ќе се однесувате непромислено. Можно е да ги пропуштите предизвиците. Додека во прашањето поврзано со работата воглавно ќе бидете...

Спорт2 дена

ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во...

Македонија2 дена

(ФОТО) СВР Охрид одржа свеченост по повод 7-ми мај „Денот на Полицијата“

Денеска во СВР Охрид, се одржа свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција. Во името на началникот...

Гејминг2 дена

(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“

Минатиот петок, Rockstar Games го одложи објавувањето на GTA VI, кое првично беше планирано за есен 2025 година, за 26...

Македонија2 дена

Малолетник од Блаце украл мотор, па експресно бил пронајден од Полицијата

На 07.05.2025 во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од с.Блаце, скопско, затоа...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (7 мај)

ОВЕН Погледот кон вашиот паричник може да му донесе мрачно расположение на Овенот. Имавте планина од сметки да платите, а...

НАЈЧИТАНИ