Спорт
ФФМ истакна електронски прашалник за кандидати за упис на „УЕФА Б“ голмански конкурс

Едукативниот центар при Фудбалската федерација на Македонија отвора конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Б – голмански курс. За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни соодветниот електронски прашалник кој е отворен до 23.10.2023. По овој датум, прашалникот автоматски станува неактивен, а конкурсот завршен. Понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по e-mail и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот.
Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на претстојниот УЕФА ГК курс.
Кон пополнување на пријавата може да се пристапи на линкот подолу кој ги содржи и планираните датуми за Модул 1:
На овој линк ТУКА ќе ја најдете официјалната пријава на УЕФА Б – голмански курс
Пред пополнување на пријавата, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА ГК курс објавени во детали во документот подолу, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество, додека официјалните критериуми може да ги најдете ТУКА, истакна за медиумите Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
Спорт
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
– Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот, истакнаа од ФФМ.
Прочитајте повеќе на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (9 мај)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Македонија2 дена
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода
-
Хроника1 ден
МВР со детали за убиството во Штип, приведени биле и помагачи на сторителот
-
Скопје21 час
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
-
Временска прогноза5 часа
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија3 часа
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот