Спорт
Фудбалски топки за македонските клубовите од сите натпреварувања, Сејдини истакна дека ФФМ и во иднина ќе продолжи да им ја дава целосната поддршка на клубовите

За 12 клубови од 1 МФЛ се распределуваат 600 фудбалски топки (Triton – FIFA), a 16 клубови од 2 МФЛ ќе добијат вкупно 640 фудбалски топки. 18 клубови од Женската лига (Прва и Втора) ќе добијат 560 фудбалски топки (Reposta).
7040 фудбалски топки (Mission IMS) се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи и младинските конкуренции.
Eкипите од ФФМ Детска лига ќе добијат вкупно 3000 фудбалски топки. 200 топки се наменети за тимовите од Прва и Втора футсал лига. Останатите ќе бидат на располагање за сите наши Национални тимови.
Фудбалските топки произведени по највисоките стандарди на ФИФА се со дизајн на ФФМ.
– „Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ и нашите национални тимови, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ. Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои придонесуваат за развој на фудбалот во Македонија, „Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои придонесуваат за развој на фудбалот во Македонија“
– Фудбалската федерација на Македонија им донира, а веќе е започната распределбата на вкупно 13.800 фудбалски топки (FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, младински конкуренции, Женска фудбалска лига, футсал натпреварувања и Национални тимови).“, за медиумите истакна Муамед Сејдини – претседателот на Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
Спорт
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
– Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот, истакнаа од ФФМ.
Прочитајте повеќе на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
-
Хроника44 минути
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
-
Македонија16 часа
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза1 ден
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија1 ден
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина13 часа
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје