Спорт
Убедлива победа на македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години против Ерменија со високи 6:0, следен меч за прво место против Украина

Македонската женска репрезентација до 19 години оствари убедлива победа од 6:0 против Ерменија на квалификацискиот турнир Лига Б (рунда 1) за пласман во квалификации Лига А за Елитна рунда за ЕП.
Веса Села и Билјана Панеска се радуваа на хет-трик против домаќинот Ерменија. Македонската репрезентација на полувреме водеше со 2:0, четири гола дадовме во продолжението.
Против Украина во третиот круг од турнирот, селекцијата предводена од Астрит Мерко ќе игра за првото место во групата. Нашата репрезентација во првото коло славеше со 4:0 против Луксембург.
Македонија до 19 години: Кристина Павловска, Матеа Блажевска, Катерина Петкова, Слаѓана Ѓоргиева, Ива Јосифова, Симона Мајер, Веса Села, Билјана Панеска, Јована Павловска, Ива Јовановска, Сара Мена
Спорт
Србинот Меџедовиќ го заврши своето учество на „АТП“ турнирот откако загуби од францускиот тенисер Перикар

Српскиот тенисер Хамад Меџедовиќ го заврши својот настап на АТП турнирот во Винстон-Салем во четвртфиналната фаза, откако загуби од Французинот Џовани Мпеши Перикар со 2-0 во сетови (7:6 [8], 6:2).
Дуелот траеше еден час и 29 минути. Првиот сет мина без брејк-шанси, па беше решен во тајбрејк, каде што Меџедовиќ водеше со 5:1 и имаше четири сет-топки, но не успеа да ги искористи. Французинот ја презеде иницијативата и го освои тајбрејкот со 10:8, поведувајќи со 1-0 во сетови.
That's how you finish a match 🚀
Giovanni Mpetshi Perricard defeats Medjedovic 7-6 6-2 to storm into the semi-finals in Winston Salem!@WSOpen pic.twitter.com/CjdPh6E188
— Tennis TV (@TennisTV) August 22, 2025
Во вториот сет, српскиот тенисер не успеа да го одржи нивото на игра, што му овозможи на Мпеши Перикар со два брејка рутински да стигне до победата.
Мпеши Перикар ќе се бори за пласман во финалето против победникот од прекинатиот четвртфинален меч помеѓу Ботик ван де Зандшулп и кинескиот тенисер од монголско потекло, Бујунчаокете. Во моментот на прекинот, холандскиот играч водеше со 6:3, 4:3.
Спорт
Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години убедливо ја победи Црна Гора на пријателскиот меч одигран вчера на „Билјанини Извори“ во Охрид

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години забележа убедлива победа од 3:0 против селекцијата на Црна Гора на пријателскиот натпревар кој вчера се одигра на теренот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Младите македонски фудбалери покажаа доминација во текот на целиот меч. Иако во првото полувреме Масев, Ристиќ и Акики имаа неколку добри шанси, резултатот остана непроменет сè до 39. минута, кога Адриан Велески со продор и прецизен удар го отвори резултатот. Неколку минути подоцна, Марин Крстевски постигна прекрасен погодок со кој ја зголеми предноста на 2:0.
Во второто полувреме, по точно еден час игра, Крстевски мајсторски асистираше до Стефан Ристиќ, кој успешно реализираше за конечни 3:0. Во продолжението, Полимац и Емини имаа уште неколку шанси за гол, но црногорскиот голман беше на висина на задачата и спречи повисок пораз.
Вториот контролен дуел меѓу овие две репрезентации ќе се одигра на 21 август со почеток од 11:00 часот, повторно во Охрид.
Состав на Македонија (до 16 години):
Петар Талески, Михајло Павлов (82′ Далибор Марковиќ), Матеј Бочевски, Матеја Масев, Амар Акики (61′ Филип Ѓоргиоски), Александар Полимац (61′ Медин Емини), Стефан Ристиќ (76′ Ефе Раифи), Павел Стојанов (61′ Огнен Сивевски), Марин Крстевски (61′ Рон Мемеди), Илија Аксентиев (82′ Марио Стојчевски), Адриан Велески (76′ Благојче Седлоски).
Селектор: Иљами Исејни.
Состав на Црна Гора (до 16 години):
Дамјан Јанковиќ, Немања Нишавиќ (76′ Амар Суљевиќ), Немања Никочевиќ (61′ Алден Бајрамовиќ), Петар Мерсениќ (76′ Филип Хорхе), Андрија Нововиќ (61′ Лазар Булатовиќ), Лазар Грбовиќ (61′ Павле Јововиќ), Петар Вуковиќ (76′ Лука Влаховиќ), Данило Вуковиќ (61′ Лука Куч), Славко Конатар (76′ Дамјан Бесовиќ), Урош Самарџиќ, Никола Милачиќ (76′ Вук Каљевиќ).
Селектор: Владан Савиќ.
Спорт
ФФМ донесе значајна одлука, клубовите на „ВМФЛ“ нема да плаќаат котизација, „ФК Преспа“ доаѓа на местото од „ФК Беса“ која се откажа од натпреварувањата

Фудбалската федерација на Македонија донесе значајна одлука – клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига повеќе нема да имаат обврска да плаќаат котизација за учество во сезоната.
По речиси 15 години, ова е првпат второлигашите да бидат ослободени од оваа финансиска давачка. Одлуката е резултат на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, со цел да се подобрат условите за функционирање на клубовите, да се намалат трошоците и да се поттикне развојот на натпреварувањето.
Со оваа мерка, клубовите се ослободуваат од вкупна сума од 128.000 евра по сезона – директна поддршка за нивната финансиска стабилност и развој.
Во дополнение, откако ФК Беса 1976 потврди дека нема да се натпреварува во сезоната 2025/26, ФФМ одлучи испразнетото место да го пополни ФК Преспа. Со тоа се обезбедува континуитет на лигата, зачувување на натпреварувачката рамнотежа и доследно почитување на принципите на фер-плеј, истакнаа од ФФМ.
-
Кичево19 часа
(ВИДЕО) Пожарот во с.Душогубица кичевско сеуште активен, опожарени се пчелни сандаци и куќа
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (21 август)
-
Кичево2 дена
Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (22 август)
-
Култура17 часа
Бдение и Божествена Литургија по повод „Успение на Мајката Божја“ во кичевскиот Манастир „Св.Богородица Пречиста“, богослужение на човечка посветеност и небесната утеха, земната привременост и вечниот живот
-
Магазин1 ден
Nintendo Switch 2 поставува нов рекорд: продадени над 6 милиони конзоли за помалку од еден месец
-
Македонија21 час
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, лишени од слобода две лица
-
Временска прогноза4 часа
Западните предели променливо облачно со засилен ветер и пороен дожд