Кичево
Вчера на превој „Стража“ во близина на с.Тајмиште се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило и автомобил

На 04.11.2023 во 06.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Тајмиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(61) од с.Слатина, скопско и патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(37) од с.Калишта, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“, Б.И.(67) од с.Калишта, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево, истакна Министерството за внатрешни работи.
Кичево
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи уникатниот настан Echoes in the Wild – фестивал кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.
Програма на настанот
- 19:00 часот – филмска проекција
Организирана од EcoKult и Nightflix, проекцијата има за цел да ја донесе интимноста на кино-искуството надвор од градските сали, во срцето на природата. - По проекцијата – музички дел
Вечерта продолжува со диџеј сетови на:- Ива Арифај (Србија)
- Aco Sound (Македонија)
- Дарко Јованоски (Македонија)
Настапите ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во живописното место познато како „На камен“.
Пораката на организаторите
Во разговор со Дарко Јованоски, член на „Montparnasse“ и еден од организаторите, дознавме дека идејата зад овој настан е да се создаде нова културна навика кај младите:
„И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат.“
Поддршка и организација
- Настанот е во организација на Montparnasse.
- Дел е од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, спроведен од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското Министерство за надворешни работи.
Практични информации
- Организаторите ги повикуваат посетителите да пристигнат уште од пладневните часови, за да ја доживеат убавината на Ехлоец и Стогово во целост.
- Се препорачува носење на топла облека за вечерните часови.
- Влезот е бесплатен.
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
Кичево
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион.
Западна трибина е очистена и спремна за новата сезона. Се очисти и влезот и дел од Источната трибина.
Во периодот што доаѓа управата на Ф.К.Напредок ќе организира уште работни акции за комплетно средување на стадионот.
Огромна благодарност на сите што дадоа допринос и несебична работа, истакна управата на клубот.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево2 дена
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Македонија1 ден
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Lifestyle2 дена
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Свет15 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Македонија1 ден
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Македонија15 часа
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-
Временска прогноза16 часа
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд