Временска прогноза
Влажен бран викендов носи дожд, кон крајот на месецот можна снежна покривка и во градовите – како првична анализа

Во Македонија продолжува серијата на влажни воздушни бранови кои доаѓаат од Атлантикот.
Нови врнежи кај нас се очекуваат веќе од утре, па за време на викендот и повремено тие ќе бидат обилни и локално проследени со појава на грмежи, како и со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец.
На високите планини (над 2000 м.н.в повремено ќе има врнежи од снег). Не се исклучува можноста повремено снежната граница во западните и во северозапдните предели да се спушти и под 2000 метри.
Во утре и во сабота на повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Локално до самиот крај на оваа седмица повторно ќе наврне значително количество на воден талог, и тоа нови над 30 л/м2 воден талог.
Инаку со последниот влажен воздушен бран од Атланикот, најмногу дожд кај нас наврна во Дебар, и тоа 38 литри дожд.
И во Скопје и околината исто така од утре се очекуваат нови врнежи од дожд и проследени со засилен ветер од јужен правец.
Температурите во следниот период ќе бидат пониски и тоа поради продорот на постуден воздух од север, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени. Минималните температури пак ќе бидат исто така се пониски и на многу места ќе се спуштаат до околу, па и под 5 степени, а понекаде, особено во Малешевијата тие ќе се спуштаат и до околу -2 степени, со што го очекуваме и првиот мраз за оваа сезона, не само во Малешевијата, туку и на други места низ Македонија.
* Ако вака останат работите, уште поголемо заладување на времето кај нас ќе има околу 20 ноември, и тогаш освен на повисоките места и на планините, снег се очекува и во градовите во Македонија.
– Состојбата постојано ќе ја следиме, со што граѓаните навремено ќе бидат информирани околу ова, и околу евентуална ново настаната временска состојба, за Порта.мк утрово пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
Временска прогноза
Викендов ќе имаме сончево и пријатно време

Викендов територијата на Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација, времето кај нас ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината викендов ќе имаме сосема слично време како и на другите места од нашата Македонија.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје и околината максималната температура викендов ќе се искачи до околу 30 степени, информира Славчо Попоски.
-
Кичево1 ден
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (8 мај)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за петок (9 мај)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид одржа свеченост по повод 7-ми мај „Денот на Полицијата“
-
Гејминг2 дена
(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“
-
Македонија2 дена
Малолетник од Блаце украл мотор, па експресно бил пронајден од Полицијата
-
Спорт2 дена
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими
-
Македонија15 часа
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода