Спорт
(ВИДЕО) Алкараз: „Ѓоковиќ е најдобар во светот“
Вториот тенисер во светот го совлада Данило Медведев во два сета (6:4, 6:4) во последното коло од Црвената група и на крајот успеа да се најде место меѓу четирите најдобри на своето прво АТП финале.
Алкарас на тој меч имаше императив за победа, исто како и против Андреј Рубљев на претходниот дуел. Тој ја покажа својата сила и против друг Русин и брзо го заврши натпреварот.
– „Многу сум среќен. Одлично е да се игра овде, за прв пат во полуфиналето. Играв одличен тенис во последните два меча. Беше тешко на почетокот. Тешко е да се подготвиш за меч против играч како Данил Вчерашниот тренинг беше добар и се што направив пред дуелот беше совршено“, изјави Алкарас и додаде, „тоа е оружје кое е добро против Медведев бидејќи тој не се враќа длабоко. Се обидов да играм агресивно на оваа подлога. Тоа е мојата тактика. Истото го направив и против Рубљев. Тоа е нешто на што работиме, да го направиме тоа на натпреварот Мојот тим ми вели да уживам на теренот и тоа е она што го направив“.
Тој откри и што е клучот за победата.
– „Најважно беше што останав ментално силен. Имаше неколку гејмови на мој сервис кога се мачев. Тој одлично се врати и ме притисна. Тоа беше најважно, да си дадам шанса. Верува Алкарас.
Следна пречка е Ѓоковиќ, кон кого Алкарас има голема почит.
– „Тоа е еден од најтешките предизвици. Против Новак во полуфиналето на турнирот што го освои шест пати. Новак е Новак, тој е најдобар во светот во моментов. Тој загуби само шест натпревари, тоа значи дека е неверојатен. да се обидам да го играм мојот најдобар тенис, навистина како што тоа го правев на претходните натпревари“, заклучи Алкарас.
"He's the best player in the world" 🌎@carlosalcaraz can't WAIT to face off against @DjokerNole again 💪#NittoATPFinals https://t.co/75dSMZndJf pic.twitter.com/cORvA8tUSC
— Tennis TV (@TennisTV) November 17, 2023
Извор: b92.net
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
