Временска прогноза
Најавениот снег пристигна, на превој „Стража“ како и во делови од западна Македонија веќе интензивно вее снег
Откако веќе целата оваа недела интензивно најавуваме, доаѓа првиот снежен бран во Македонија за оваа сезона, но оваа година порано за разлика од изминатите години. Во следните часови во Македонија веќе врнежите најпрвин од дожд, ќе дојде до формирање на секундарен силен зимски снежен циклон. Неговото формирање ќе биде условено поради продорот на поларен воздух кој ќе пристигне токму таму и ќе се судри со значително потоплата воздушна маса од југ.
Со големото заладување кое ќе биде проследено со засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 75 км/час), најпрвин на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а потоа насекаде низ Македонија врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.
Во централните и во југоисточните предели ќе дојде до формирање на мала снежна покривка, и тоа од 1 до 5 сантиметри, додека во останатите предели од 5 до 10 сантиметри. Во западните предели очекуваме формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, а на Скијачките центри и на планините таа ќе изнесува дури 30 сантиметри, понекаде и до околу 50 сантиметри и ќе биде идеално за скијање.
Во Скопје и околината исто така врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег за време на овој викенд, но во котлината снежната покривка ќе биде мала, додека поголема снежна покривка очекуваме на околните повисоки места и планините. И во Скопје со големото заладување ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец.
Потоа во недела локално ќе провејува слаб снег и ќе биде многу студено и ветровито, а температурите на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата, додека понекаде тие ќе останат дури и под нулата. Особено студено утро ќе имаме во понеделник кога температурата понекаде ќе се спушти дури и под -10 степени.
И следната седмица ќе имаме студени рано – зимски денови, а ќе има и честа појава на врнежи од дожд и снег, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
-
Кичево24 часаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево2 денаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија2 денаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Хороскоп12 часаХороскоп за среда (17 декември)
-
Lifestyle2 денаИдеално решение за мувла во бањата: експертски совети за ефикасна превенција
-
Lifestyle2 денаПатник споделува трикови за паметно пакување: „Носете ги најтешките предмети врз себе“
-
Скопје2 дена(ФОТО) Успешно реализиран првиот четиридневен „Startup Revolution AI Summit“ во Скопје со над 1200 учесници од регионот и пошироко
