Кичево
Во моментов сообраќајот кон превој Стража е пуштен за транзитирање

Кичево
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош

Утрово нешто по 07:20ч во Кичево на бул. „Ослободување“ се случил немил настан, имено автомобил удрил повозрасен пешак. Увид на лице место извршиле ОВР Кичево, каде привремено додека траел увидот едната делница на булеварот била блокирана за секаков сообраќај. Според очевидци во близина, веднаш по настанот медицинска екипа при Општа болница Кичево брзо интервенирала, укажувајќи брза помош на учесниците.
Подетални и официјални информации за здравјето на пешакот и возачот на автомобилот немаме, но според неофицијални извори пешакот своето лекување ќе го продолжи на комплекс клиники во Скопје.
Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
Кичево
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај

Во понеделник, 25 август 2025 година, ГД „Гранит“ АД Скопје, изведувач на работите на Автопатот А2 Кичево–Охрид, ќе започне со асфалтирање на девијацијата кај месноста Крушино, заедно со надпатникот на км 0+780.
Работите според известувањето ќе се одвиваат во следните периоди:
* од 08:30 до 10:00 часот – при започнување на активностите,
* од 13:00 до 14:30 часот – при завршување на асфалтирањето.
– Апелираме до жителите и граѓаните, доколку немаат итна потреба, да го избегнуваат користењето на локалниот пат кон с. Кнежино, со цел да се намалат метежите и застои во сообраќајот, како и да се овозможи непречено изведување на градежните работи, известува ГД „Гранит“ АД Скопје, а пренесе МЗ Кнежино преку нивното е-гласило.
Кичево
(ВИДЕО) Пожарот во с.Душогубица кичевско сеуште активен, опожарени се пчелни сандаци и куќа

Денес околу 10:30ч забележан и пријавен бил пожар во атарот на село Душогубица кичевско. Село кое се простира во височините на југоисточните падини на планината Бистра, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Маврово и Ростуше.
Пожарот на кој интервенираа ТППЕ Кичево и полицискиот хеликоптер допре дури до живеалиштата, а опожарени се околу 40-тина пчелни сандаци, истакна претседателот на МЗ с. Душогубица, г-дин Димче Стојкоски.
Пожаротега е распространет кон горниот срт на планината на непристапен терен над селото.
Порта.мк останува на овој дел од селото и активно ја следи состојбата со пожарот.
ЦУК до 18:00ч:
🔥 На ден 21.08.2025 година, до 18:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, 1 под контрола и 12 изгаснати.
АКТИВНИ: 7
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
2. Општина Струга: с. Подгорци (нискостеблеста шума)
3. Општина Прилеп: с. Беловодица – место викано Ливада и с. Лењиште (букова шума)
4. Општина Долнени: с. Стровија и с. Долгаец (мешана шума)
5. Општина Росоман: с. Дебреште (ниска вегетација)
6. Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума)
7. Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица – планински врв Китка (мешана шума)
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Старо Нагоричане: с. Канарево (ниска вегетација)
ИЗГАСНАТИ: 12
1. Општина Маврово – Ростуше: с. Церово и с. Симница (нискостеблеста шума и сеча)
2. Општина Боговиње: с. Оловјане (ниска вегетација)
3. Општина Ѓорче Петров: с. Орман (ниска вегетација)
4. Општина Струга: с. Велешта и с. Белица (стрниште)
5. Општина Липково: с. Слупчане и с. Ваксинце (стрниште)
6. Општина Струмица: с. Ангелци (ниска вегетација)
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација)
8. Општина Кратово: место викано Рашковец (ниска вегетација)
9. Општина Кичево: с. Горица (стрниште)
10. Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација и ѓубре)
11. Општина Ѓорче Петров: с. Волково (ниска вегетација)
12. Општина Гази Баба: с. Трубарево (ниска вегетација)
-
Кичево2 дена
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај
-
Кичево1 час
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (24 август)
-
Хороскоп11 часа
Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол
-
Хроника2 дена
Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија
-
Lifestyle2 дена
Како да ја направите вашата орхидеја да расцвета: 4 корисни совети
-
Спорт2 дена
Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови