Кичево
Малиот господин, виртуоз на пијано Лука Лазарески од Кичево во петок ќе настапи на својот прв официјален концерт заедно со плејада учесници
Почитувани, како што веќе најавивме, а сега веќе официјално на 22-ри декември петок со почеток од 19:00ч во големата сала на НЦУК „Кочи Рацин“ – Кичево е закажан големиот концерт на нашиот виртуоз на пијано, малиот Лука Лазарески кој со своите 11 години знае вистински како да ја негува музичката мелост.
Заедно на сцената ќе бидат дел и следните учесници: Теодора Матеска (вокал), Бојан Трајкоски (вокал), Теодора Кулевска и Јована Димоска (виолина), Лео Пејчиновски (виолончело), Марко Лазарески (гитара), Јана Матеска (гитара), Едил Хусоски (кларинет), Ѓорѓи Божиноски (ударни инструменти), Петар Личоски, Касијана Матеска, Јана Јолеска и Бисера Јолеска
Специјален гостин, г-дин Филип Михајлоски (канон), човекот кој неуморно се посвети и дава се од себе за музичкиот пат на Лука да биде трасиран во вистинска насока, негова желба исто така беше реализација на овој прекрасен музички спектакл.
Тимот на Лука Лазарески преку нашиот медиум кој е еден од главните спонзори заедно со Канал5 ТВ, упатува благодарност до сите помагатели за реализација на овој спектакуларен концерт, а тоа се: „Горсај“, „АТВА Маркети“, „Макси Маркет“, „Спикомп“, „РЕК Осломеј“, „Ели Текстил“, Авто Делови „Доминатор“, „Фагус Мебел“, „Синдикат на РЕК Осломеј“, Општина Македонски Брод, „Атлантик Група“, додека посебна и срдечна благодарност истакна до кичевскиот и најдобар „ATVA Residence Hotel“ (генерален спонзор) кои со својата мисија имаат свој голем допринос и поддршка на младите таленти, што практично е за секакви почести.
Хост и задолжен за програмата ќе биде единствениот Владо Дојчиноски, повелете, Ве очекуваме! 🫶

Неговиот последен проект „Passacaglia“ истакнат на YouTube:
Кичево
(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.
Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.
Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Спорт1 ден(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника1 денМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево14 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Временска прогноза3 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Хороскоп3 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Технологија4 часаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
-
Спорт3 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар



