Временска прогноза
Студено со сончеви периоди, магла по котлините, од петок дожд и снег во одредени места

До крајот на оваа недела во Македонија ќе се менуваат сончевите и облачните периоди, а нема да недостасува и маглата по одделни котлични и речни долини, особено во утринските часови. Повремено ќе биде и ветровито, односно ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од западен и од северозападен правец.
Под влијание на влажен и постуден воздушен бран од север, во петок ќе имаме врнежи од дожд од локален карактер и тоа на ниските места (градовите), на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Понекаде врнежите ќе бидат со умерен интензитет и ќе наврнат над 10 л/м2 воден талог.
Во петок попладне и рано навечер снежната граница ќе се спушти до 1000 метри надморска височина, понекаде може и под 1000 метри.
Сепак за време на викендот повторно ќе имаме стабилно и суво време. Ветерот ќе ја намали својата брзина, па така по одделни котлини и речни долини повторно ќе се создават услови за појава на магла и на ниска облачност.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со повремен локален дожд и снег на околните планини во петок.
Наутро температурите до крајот на оваа недела ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 4 степени, максималните дневни температури пак ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, во петок поради продорот на постуден воздух од север тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
НАПОМЕНА: Според најновите анализи со кој располагаме, не се исклучува можноста после 25 декември територијата на Македонија повторно да биде зафатена од многу студен бран од Арктикот кој повторно би условил врнежи од снег во најголем дел од Македонија. Секако, ова е сеуште неофицијално, состојбата будно ќе ја следиме и навремено ќе информираме, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (10 јули)
-
Временска прогноза2 дена
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Македонија22 часа
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Скопје2 дена
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар
-
Скопје19 часа
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
-
Македонија1 ден
ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден