Автомобили
Дали знаете колку често треба да го миете автомобилот во зима?

Ладното и влажното време не е најдобро време за миење на автомобилот, но тоа не значи дека не треба да му посветувате малку внимание во постудените месеци.
Редовното одржување на виталните делови на автомобилот, како што се менувањето на маслото, проверките на филтерот за течности и воздухот, како и редовното миење на автомобилот ќе ја зачува вредноста на вашето домашно милениче.
Според советите на германскиот ADAC (Германски автомобилски клуб), во зимските месеци автомобилот треба да се пере толку често како и во лето. Значи, измијте го според сопствената перцепција за чистотата, односно кога ќе почувствувате дека е време за миење.
Иако постои теза дека автомобилот е повеќе склон на корозија поради влажни коловози и сол во зима, тоа е точно само во случај на претходно оштетени делови. Новите и сочувани автомобили без проблем го одбиваат налетот на нечистотија.
Дали има опасност во миењето на автомобилот во зима?
Да, има, особено при екстремни температури од минус 10 па надолу, затоа што тогаш топлата вода „удира“ на деловите од автомобилот кои штотуку биле изложени на мразниот студ. Иако нема да има оштетувања на гумените и пластичните делови, може да настрадаат претходно оштетените или обоени обоени површини.
И за крај, важна препорака за возачите: пред да влезат во автоперална да ги отстранат сите остатоци од снег и мраз, бидејќи четките можат да ги повлечат како шмиргла врз каросеријата и да предизвикаат видливи оштетувања.
Автомобили
Рекордна продажба на електрични возила во Европа

Западна Европа забележа рекорден број на нови регистрации на електрични автомобили во вториот квартал. Речиси 600.000 електрични возила на батерии (BEV) се појавија на патиштата помеѓу април и јуни, што е јасен знак за закрепнување на продажбата, која претходно растеше побавно од очекуваното.
Пристапноста како клуч за успех
-
Рекордната испорака, за која се предвидува дека ќе биде надмината во тековниот квартал, е резултат на појавата на попристапни модели на пазарот.
-
Според автомобилскиот аналитичар од Берлин, Матијас Шмит, ова е пресвртница бидејќи електричните возила конечно стануваат подостапни и попривлечни за приватните купувачи, а не само за корпоративниот сектор.
Раст поттикнат од европски и кинески производители
-
Европските компании како Stellantis и Renault воведуваат модели со пониска цена за да привлечат поширока публика и да ги исполнат регулативите на ЕУ за емисии.
-
Развојот на мрежата за полнење низ Европа го намалува стравот кај возачите дека нема да најдат станица за време на патување.
-
Продажбата на кинески електрични возила, особено на BYD, расте значително и се натпреварува со Tesla за глобалното лидерство. Во моментов, едно од десет електрични возила во Европа е произведено во Кина.
Субвенции како дополнителен стимул
-
Во Франција повторно се воведува шема за социјален лизинг.
-
Владата на Велика Британија обезбедува субвенции до 3.750 фунти за одредени модели.
-
Сепак, попустот е ограничен на автомобили со цена под 37.000 фунти, што ги исклучува Tesla и дел од кинеските модели како BYD.
Автомобили
Кои се последиците од возење автомобил со скоро празен резервоар

Возењето со скоро празен резервоар е навика што може сериозно да му наштети на вашиот автомобил. Освен што постои ризик да заглавите на пат, последиците може да бидат далеку поскапи од неколку литри гориво.
Современите возила обично ве предупредуваат за ниско ниво на гориво кога во резервоарот остануваат околу 5 до 10 литри. Сепак, тоа не значи дека сте безбедни да продолжите со возење уште долго. Кога ќе се вклучи светлото за резерва, горивото повеќе не се доставува под оптимален притисок, а пумпата почнува да влече не само гориво, туку и талог, нечистотии, па дури и влага од дното на резервоарот.
Со време, овие наслаги може да ги затнат филтрите, да ја оштетат пумпата, а во некои случаи и да предизвикаат проблеми со согорувањето во моторот. Кај дизел моторите, ситуацијата е уште покритична – влезот на воздух во системот поради празен резервоар може да доведе до дефект што бара професионална интервенција и испирање на целиот систем.
Многу возачи, особено во урбани средини, се навикнати да возат „на резерва“, сметајќи дека тоа е доволно за секојдневните кратки релации. Но, ако се соочите со ненадеен застој во сообраќајот, затворен пат или едноставно заборавите да наполните гориво, ризикувате да останете заглавени – со сите последици што ги носи тоа: нервоза, блокирање на сообраќајот, па дури и парична казна.
Зимскиот период носи дополнителни ризици. Кога нивото на гориво е ниско, се зголемува можноста за кондензација, односно создавање влага во резервоарот, што може да доведе до замрзнување на цевките и проблеми со дотокот на гориво. Во најлош случај, автомобилот нема да може да се стартува токму кога ви е најпотребен.
Механичарите советуваат нивото на гориво да не се спушта под една четвртина од капацитетот на резервоарот. На тој начин не само што го продолжувате векот на пумпата и другите компоненти, туку го намалувате и ризикот од скапo оштетување на моторот. Дополнително, полн резервоар го намалува просторот за создавање на влага, што е особено важно при ниски температури.
Иако полнењето гориво можеби ви изгледа како дополнителен трошок, треба да знаете дека поправката на оштетена пумпа или чистење на системот чини многу повеќе. Возењето со доволно гориво не е луксуз – туку одговорност кон сопственото возило и вашата безбедност.
Затоа, следниот пат кога ќе решите да „истерате до последна капка“, сетете се – можеби токму тогаш пумпата за гориво ќе почне да влече нешто што не треба. А ако автомобилот ве изневери во најлош момент, таа „заштеда“ ќе ве чини многу повеќе отколку што мислите.
Извор: kurir.rs
Автомобили
Автомобилот „Rolls Royce Phantom“ слави 100 години од своето постоење

Во текот на својот век на постоење, еден од најпрепознатливите и најлуксузни автомобили во историјата – Ролс-Ројс Фантом – бил во сопственост на бројни славни личности, вклучувајќи некои од најголемите уметници на 20 век. Фантом отсекогаш претставувал симбол на ексклузивност и префинетост, без вистински конкурент во својата класа.
Првата генерација на овој модел се појавила во 1925 година, заменувајќи го Silver Ghost – првиот луксузен модел на брендот, претставен уште во 1906 година.
Во изминатите сто години, Фантом минал низ осум генерации. Актуелната, осма по ред, е претставена во 2017 година и до денес останува највисоката преставка на луксузот што го нуди брендот.
Овој модел уживал голема популарност меѓу светски реномирани уметници. Меѓу познатите сопственици се Салвадор Дали, Енди Ворхол, Пабло Пикасо, Анри Матис, Кристијан „Бебе“ Берар и Сесил Битон.
Некои уметници дури го искористиле Фантом како дел од своето уметничко изразување. Во зима 1955 година, Салвадор Дали позајмил црно-жолт Фантом од пријател за предавање на Сорбона. Пред универзитетот, тој го испразнил багажникот преполн со 500 килограми карфиол на замрзнат тротоар, создавајќи надреалистичка инсталација на улиците на Париз.
Енди Ворхол, кој често се смета за уметнички наследник на Дали, во 1972 година купил модел од 1937, откако го забележал во антикварница во Цирих за време на прошетка со својот агент. Подоцна го модифицирал во „шутинг брек“, а во 1978 година автомобилот преминал во рацете на неговиот менаџер, Фред Хјуз.
Производството на Фантом не било континуирано – постоеле периоди на прекин. На пример, четвртата генерација се појавила дури во 1950 година, по 11-годишна пауза поради Втората светска војна. Најдолговечната генерација била шестата, која се произведувала од 1968 до 1990 година. Потоа следела уште една пауза – сè до 2003 година, кога била лансирана седмата генерација.
Денешната, осма генерација, под долгиот капак крие 6.75-литарски V12 би-турбо мотор со 571 коњска сила и 900 Nm вртежен момент. Достапен е во две варијанти на меѓуоскино растојание, забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,3 секунди и достигнува максимална брзина ограничена на 250 км/ч.
Извор: rolls-roycemotorcars.com
-
Кичево5 часа
ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (18 август)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (17 август)
-
Кичево3 часа
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
-
Македонија2 дена
„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!
-
Скопје1 ден
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта
-
Македонија22 часа
Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа
-
Временска прогноза8 часа
Се чини полека летните горештини попуштаат, денес повторно нестабилно си повремен пороен дожд во попладневните часови