Следете не

Кичево

(ВИДЕО) Во село Цер кичевско за прв пат светиот Крст го пронајде младиот Петар Којчески

Објавено пред

на

©porta.mk

Во кичевското село Цер за прв пат светиот Крст го пронајде младиот Петар Којчески (14), кој оваа година втор пат учествува на величествената манифестација по повод „Богојавление Водици“. За разлика од минатата година, оваа господова 2024-та се собраа повеќе верници, но најсреќно беше токму ова момче.

 

Пресреќен сум што го пронајдов Крстот во осветените води во нашето село, искрено од секогаш сум имал желба да го пронајдам светиот Крст. Ланска година не успеав, но годинава Бог ме благослови. Ја користам оваа прилика да го честитам Богојавление Водици на сите православни Христијани, да дава Бог здравје, среќа, љубов и бериќет во сите домови, честитки до сите благословени кои го пронајдоа Крстот, Бог се јави! – за Порта.мк истакна Петар.

Кичево

Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Од „ЕВН Дистрибуција“ информираат дека има непланиран дефект на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината. Веројатно се работи на санација за истиот.

Прочитај повеќе...

Кичево

Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка

Објавено пред

на

ФОТО: Изработка ©porta.mk / Главна фото: Międzynarodowy Festiwal Folkloru Ziem Górskich

Меѓународниот фестивал на фолклорот на планинските предели кој се одржува во Закопане во срцето на Полските Карпати, на платото во центарот на градот познато како „Гórna Rówień Krupowa“, едно од најпрестижните и најстарите фолклорни фестивали од ваков тип во Европа.

Ова 56-то издание се одржува од 15 до 21 август 2025, со почеток во 10:00 часот секој ден. Исто така секоја година се натпреваруваат десетици – дури стотици – фолклорни ансамбли од целиот свет. Натпреварот е строг, а жири-от доделува Златна, Сребрена и Бронзена Ciupaga.

Оваа година како што веќе обзнанивме нашите учесници од КУД „Бисер“, Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија од Македонија.

Гласањето е едноставно со реакција „Ми се допаѓа“ на фотографиите. Овој натпревар трае до утре 21-ви август (четврток) – 12:00ч – кога практично и завршува финалната вечер. Од тука во име на македонската традиционална народна носија која дефинитивно е нешто најубаво од нашите простори, ја даваме нашата безрезервна поддршка за да победиме!

  • За 🇲🇰 носија од Матеа кликни – ТУКА  /  За 🇲🇰 носија од Александар кликни  – ТУКА

Што се однесува до престижниот фестивал, до сега учествувале преку 700 странски групи и над 200 полски ансамбли – укажувајќи на големите димензии и реон на оваа манифестација.

Фестивалот привлекува љубители на култура, туристи, медиуми и етномузиколози од целиот свет. Вистинска традиција, културна мисија, еуфорија на народен идентитет и мост меѓу различни култури од сите страни на светот. Во оваа прилика им честитаме за одличната организација, она што ни го пренесуваат нашите учесници од Кичево таму е за сите почести.

Прочитај повеќе...

Кичево

Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал

Објавено пред

на

ФОТО: Międzynarodowy Festiwal Folkloru Ziem Górskich

На меѓународниот фолк фестивал 2025 кој се одржува во Полска под културен центар Закопане, се избира најубава носија. На овој престижен фестивал свое учество зедоа КУД „Бисер“ од Кичево, додека учесници на натпреварот се Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево.

Со „Like“ под фотографијата да им дадеме значајна поддршка за најубавата македонска носија, натпреварот трае од денес 18 август до 21 август четврток.

За Матеа кликни – ТУКА

За Александар кликни  – ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин1 час

Nintendo Switch 2 поставува нов рекорд: продадени над 6 милиони конзоли за помалку од еден месец

Импресивен почеток за новата генерацијаNintendo во својот последен квартален извештај објави дека Switch 2 е продаден во 5,82 милиони примероци...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за четврток (21 август)

ОВЕН Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги...

Кичево22 часа

Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината

Од „ЕВН Дистрибуција“ информираат дека има непланиран дефект на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината. Веројатно...

Спорт1 ден

Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години убедливо ја победи Црна Гора на пријателскиот меч одигран вчера на „Билјанини Извори“ во Охрид

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години забележа убедлива победа од 3:0 против селекцијата на Црна Гора на пријателскиот натпревар кој...

Македонија1 ден

УЈП: Фирми во Македонија не исплатиле плати и придонеси на своите вработени

Голем број компании не ги испочитуваа законските обврски за јули. УЈП испрати опомени. Според податоците на Управата за јавни приходи...

Кичево1 ден

Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка

Меѓународниот фестивал на фолклорот на планинските предели кој се одржува во Закопане во срцето на Полските Карпати, на платото во...

Храна1 ден

Направете домашен кечап – без хемикалии и адитиви

Кечапот е еден од најчестите додатоци на трпезата – совршено се комбинира со помфрит, бургери, печени компири и многу други...

Магазин1 ден

Серијата Xiaomi 16 носи големи промени и два Pro модели

Премиум серијата паметни телефони на Xiaomi досега секогаш се состоеше од три модели – основен, Pro и Ultra. Првите два...

Магазин1 ден

Кога треба да ги замените HDMI каблите?

HDMI 2.1 носи значителни предности во однос на HDMI 2.0 – поголема брзина, подобар звук и можност за 4K на...

Lifestyle1 ден

Зошто е корисно да испиеме чаша вода веднаш по будењето?

Водата е најважниот извор на живот и сочинува околу 60% од нашето тело. Редовната хидратација е клучна за добро здравје,...

НАЈЧИТАНИ