Следете не

Занимливости

Nintendo ги исклучува повеќето онлајн услуги за „Wii U“ и „3DS“

Објавено пред

на

Корисниците сепак ќе можат да преземаат ажурирања и претходно купени игри. Нинтендо откри кога ќе заврши поддршката за преостанатите онлајн услуги за конзолите 3DS и Wii U.

Почнувајќи од 8 април, повеќе нема да може да се влегува во натпревари со повеќе играчи од оригиналниот Splatoon или да се проверуваат нивоата на другите играчи во Super Mario Maker. Онлајн ко-оп игра, табли на водачи и дистрибуција на податоци се меѓу карактеристиките што повеќе нема да ги има на ниту една од гореспоменатите конзоли.

Нинтендо претходно истакна дека онлајн услугите на гореспоменатите системи ќе бидат исклучени во текот на април, но до сега не е познат конкретен датум. Игрите и режимите за еден играч ќе продолжат да функционираат на двете платформи.

Компанијата посочува дека ќе има некои исклучоци, па Pokémon Bank и Poké Transporter сепак ќе работат. StreetPass ќе работи и на 3DS, додека SpotPass ќе биде исклучен.

Извор: b92.net

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во најголемиот рудник за јаглен во Полска, истражувачи откриле остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години

Објавено пред

на

ФОТО: Juliana e Mariana Amorim @ Unsplash.com

Истражувачи откриле остатоци од древен крокодил стар околу 17 милиони години во најголемиот рудник за јаглен во Полска, Белхатов. Се работи за изумрен вид што припаѓал на семејството гавијали – блиски роднини на денешните крокодили и алигатори – кој живеел во миоценската епоха.

– Најдени биле фосили од череп, заби, скелет и фрагмент од кожна обвивка наречена остеодерм. Овој мал фосилен дел, со дијаметар од само 30 мм, бил откриен во јуни 2023 година во седименти на дното од езеро во рудникот. Иако првично изгледал како обично парче коска, деталната анализа покажала дека станува збор за дел од кожа од крокодил.

Според научниците, остатоците припаѓаат на видот диплоцинодон – изумрен вид влекач. Интересно е што ова е најсеверната точка на која досега се пронајдени фосили од крокодили од миоценот, иако има и постари откритија од периодот на креда, како на пример во Шведска.

Миоценот бил период со топла и влажна клима, што овозможило развој на богата флора и фауна. Крокодилите од тоа време можеле да пораснат и до шест метри, додека помалите, кои живееле во слатки води, достигнувале должина од три метри.

Фосилот сега е сочуван во Музејот на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава, а резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Acta Palaeontologica Polonica, пренесува notesfrompoland.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија44 минути

СВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици

СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни...

Култура58 минути

Утре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!

Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на утрешен ден 8 ноември според новиот (или...

Македонија1 час

Од 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици

Од следниот викенд, односно сабота – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите...

Македонија1 час

Лишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп

Вчера (06.11.2025) во попладневните часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство...

Временска прогноза6 часа

Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за петок (7 ноември)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Технологија1 ден

Кичевската корпорација во развој „CvetanskiFootage“со ексклузивен „прашалник“ и мало истражување – Дали работиш или би сакал/а да работиш од дома?

Корпорацијата која потекнува од Кичево, „CvetanskiFootage“ под закрила на „Vangardo Creations“ направи прашалник кое ќе помогне за истражувањето. Одговорете точно...

Македонија1 ден

Автомобил удри велосипедист од Гевгелија, кај велосипедистот констатирана алкохолизирана состојба

На 05.11.2025 во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.,,Моински Пат” во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа...

Фото: Mika Baumeister @ unsplash Фото: Mika Baumeister @ unsplash
Магазин1 ден

Google воведува проверка на возраста во Play Store: што значи ова за корисниците?

Google започна со постепено воведување на нов систем за верификација на возраста во Play Store, сличен на оној што веќе...

Фото: Maxim Hopman @ unsplash Фото: Maxim Hopman @ unsplash
Магазин1 ден

Поевтиниот MacBook на Apple пристигнува во 2026 година – со iPhone чип и цена под 1.000 долари

Apple подготвува нов, поевтин MacBook кој ќе ја прошири понудата на лаптопи на компанијата и ќе биде насочен кон корисници...

НАЈЧИТАНИ