Следете не

Автомобили

Луис Хамилтон официјално потпиша за Scuderia Ferrari

Објавено пред

на

Британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон официјално потпиша за Scuderia Ferrari и ќе го напушти Mercedes на крајот на 2024 година, објавено е на официјалниот сајт на италијанскиот тим.

Хамилтон ќе вози за Mercedes до крајот на оваа сезона, а потоа ќе се пресели во нова средина.

Ferrari ја искористи излезната клаузула во договорот на Хамилтон со Mercedes, кој важеше до крајот на 2025 година.

Scuderia Ferrari со гордост објави дека Луис Хамилтон ќе стане дел од тимот од почетокот на 2025 година, со повеќегодишен договор“, се наведува во официјалното соопштение на веб-страницата на Ferrari.

Британецот во Ferrari ќе го замени Шпанецот Карлос Саинц, а, според медиумите, во италијанскиот тим треба да вози со Шарл Леклер од Монако.

Ferrari го доведе Хамилтон за да ја нападне титулата која се чека од 2008 година.

Во 2007 година, Ferrari Кими Раиконен ја освои последната титула за Ferrari во F1 во конкуренција на возачи.

Италијанскиот тим триумфираше 16 пати во конкуренција на конструктори, последен пат во 2008 година.

Хамилтон (39) во кариерата освои седум титули во F1, а последната во 2020 година.

Новата сезона во Ф1 започнува на 2 март со Големата награда на Бахреин, додека последната трка е закажана за 8 декември во Абу Даби.

Годинава ќе се возат 24 трки во F1 шампионатот.

По неговото завршување, Хамилтон ќе вози за Ferrari.

Автомобили

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Објавено пред

на

©porta.mk

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.

Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.

Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА

Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:

Прочитај повеќе...

Автомобили

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

Објавено пред

на

Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Фото: Remy Lovesy @ unsplash

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.

Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.

Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.

Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.

Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.

Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.

Извор: BUG

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Објавено пред

на

©porta.mk

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)

Кристијан Бојоски (трето место)

Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.

И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!

Мал дел фотографии:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево3 часа

Во сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови

Подгответе се за вечер полна со жива музика, силен звук и незаборавна атмосфера! На 15 ноември, со почеток од 19:30...

Здравје и убавина3 часа

Овие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок

Високиот крвен притисок (хипертензија) претставува сериозно здравствено состојба која може да доведе до опасни, па дури и фатални последици, како...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за недела (9 ноември)

ОВЕН Овни, бидете внимателни кога одлучувате што би можеле да направите. Ако сте разумни, ќе успеете во своите намери. Вашиот...

Спорт1 ден

Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“

Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00...

Кичево1 ден

Фрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот

На 07.11.2025 во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен...

На денешен ден2 дена

Светот на денешен ден (8 ноември)

1520 – По наредба на данскиот крал Кристијан II, во „Стокхолмската крвава бања“ биле убиени повеќе од 80 шведски свештеници...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (8 ноември)

ОВЕН Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција....

Македонија2 дена

СВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици

СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни...

Култура2 дена

Утре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!

Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на утрешен ден 8 ноември според новиот (или...

Македонија2 дена

Од 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици

Од следниот викенд, односно сабота – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите...

НАЈЧИТАНИ