Следете не

Свет

(ВИДЕО) Рускиот космонаут Кононенко го собори рекордот за најдолг престој во вселената

Објавено пред

на

printscreen/official video

Рускиот космонаут Олег Кононенко постави светски рекорд за вкупното време поминато во вселената, надминувајќи го својот сонародник Генадиј Падалка кој беше во орбитата нешто повеќе од 878 дена, соопшти Руската вселенска корпорација. Кононенко само ја премина таа „поставена горна граница“ и продолжува понатаму.

Кононенко го собори рекордот, објави Роскосмос. Се очекува Кононенко на 5 јуни да достигне вкупно 1.000 дена во вселената, а до крајот на септември ќе има 1.110 дена. Летам во вселената за да го работам она што го сакам, а не за да поставувам рекорди, изјави Кононенко за ТАСС во интервју од Меѓународната вселенска станица (ISS).

– „Горд сум на сите мои достигнувања, но повеќе сум горд што рекордот за вкупно времетраење на човечки престој во вселената сè уште го држи руски космонаут“, додаде тој.

59-годишникот го презеде првото место од Падалка, која „собра“ вкупно 878 дена, 11 часа, 29 минути и 48 секунди во вселената, објави Роскосмос.

Советскиот Сојуз беше првиот што лансираше сателит во орбитата на Земјата – Спутник 1, во 1957 година – а потоа советскиот космонаут Јуриј Гагарин стана првиот човек што отпатува во вселената во 1961 година.

Но, по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, руската вселенска програма се соочи со огромно недоволно финансирање и корупција.

Официјални лица под претседателот Владимир Путин постојано ветуваа дека ќе го поништат падот на руските вселенски програми, иако остануваат сериозни проблеми, според официјалните лица и индустриските аналитичари.

Кононенко рекол дека редовно вежбал за да се справи со физичките ефекти од „подмолната“ бестежинска состојба, но дека дури по враќањето на Земјата станал свесен за некои работи.

– „Не се чувствувам лишено или изолирано. Дури откако ќе се вратам дома, дознавам дека во текот на стотиците денови во мое отсуство, децата растат без разлика што тато го нема“.

Кононенко, исто така, рече дека космонаутите сега можат да користат видео повици и СМС пораки за да останат во контакт со роднините, но подготовката за секој нов лет во вселената станува потешка поради технолошкиот напредок.

Кононенко како дете сонувал да оди во вселената и се запишал на инженерски институт, пред да оди на обука за космонаути. Неговиот прв лет во вселената беше во 2008 година.

Неговото сегашно патување до ISS започна минатата година на Сојуз МС-24. ISS е еден од ретките меѓународни проекти на кои САД и Русија сè уште тесно соработуваат. Во декември, Роскосмос објави дека програмата за вкрстени летови со НАСА до ISS е продолжена до 2025 година.

/n1.rs

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево42 минути

„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“

Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со...

Фото: Imad 786 @ unsplash Фото: Imad 786 @ unsplash
Lifestyle4 часа

Совршена кајгана за неколку минути: Тајната состојка што прави чуда

Кајганата со кремаста текстура е еден од најбрзите и највкусни оброци што можете да ги подготвите — идеален избор за...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин4 часа

YouTube воведува револуционерна AI функција – старите видеа сега изгледаат како нови

YouTube го претстави најголемото визуелно подобрување досега – нова функција со вештачка интелигенција што автоматски ја зголемува резолуцијата на старите...

Фото: Matthew Manuel @ unsplash Фото: Matthew Manuel @ unsplash
Магазин4 часа

Microsoft ги надмина очекувањата благодарение на силниот раст на cloud бизнисот

Американскиот технолошки гигант Microsoft објави квартални резултати кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите, благодарение на значителниот раст на сегментот облак...

Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash
Магазин4 часа

Nvidia стана првата компанија во светот вредна пет трилиони долари

Технолошкиот гигант Nvidia стана првата компанија во историјата со пазарна вредност поголема од пет трилиони американски долари. Според извештајот на...

На денешен ден7 часа

Светот „На денешен ден“ – 30 октомври

1762 – Роден е францускиот поет Андре де Шение, кој ги споил класичните поетски форми со новиот романтичарски дух. Се...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за четврток (30 октомври)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Спорт17 часа

Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот

Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А....

Спорт1 ден

Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски...

Македонија1 ден

Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

НАЈЧИТАНИ