Спорт
(ФОТО) УЕФА консултантот, легендарниот хрватски фудбалер Аљоша Асановиќ оствари работна средба со Муамед Сејдини, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија
Легендарниот хрватски фудбалер, Аљоша Асановиќ, во улога на УЕФА консултант задолжен за нашата федерација во рамки на проектот на УЕФА и ФФМ за развој на млади елитни фудбалери, беше во дводневна посета на „Куќа на фудбалот“ и академијата на ФФМ.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари работна средба со Аљоша Асановиќ на која се дискутираше за важноста на Академијата на ФФМ, досегашната соработка и поддршка од УЕФА, како и за плановите за идниот развој на Академијата.

– „Во Академијата на ФФМ сме посветени на поттикнување на развојот на младите фудбалери на теренот, но и надвор од него. Преку тренинзи од програмата на УЕФА за млади категории и водени од едуцирани тренери, ние се фокусираме на развојот не само на фудбалските вештини на младите играчи, туку и на вредни животни лекции кои вклучуваат ментална сила и градење карактер.
– Тоа што исто така е многу важно, редовно се следи и оценува напредокот на секој играч, а програмите се приспособени и на нивните индивидуални потреби преку давање насоки и обезбедување можности и средства потребни за да ги постигнат своите цели. Активно бараме повратни информации од играчите, родителите и тренерите за да се осигураме дека се движиме во вистинскиот правец и се прилагодуваме на барањата на модерниот фудбал кои постојано се менуваат . Горди сме на напредокот што го постигнавме во Академијата на ФФМ и остануваме посветени на тековниот развој и успех на младите фудаблери“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Аљоша Асановиќ, исто така, имаше работен состанок со членовите на стручните штабови на ФФМ Академијата и лицата од ФФМ задолжени за Академијата. Состанокот е најава за неговата нова работна посета на ФФМ, веќе на почетокот на месец Април, каде ќе се посвети поголемо внимание на стручната работа со фудбалерите од ФФМ Академијата на самиот терен.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
