Спорт
Кичево има нов јуниорски шампион во „Билиард“, претставникот од „Предатор“ ги победи сите на турнирот во организација на „Балканската Билиард Асоцијација“

Во саботата на 02.03.03.2024 година во Скопје се одржа второто коло турнири организирани од „Balkan Billiard Association“. На турнирот свое учество зедоа вкупно 87 играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Косово и Турција.
„Gran Club“ како и секогаш покажува одлична организација и гостопримство за сите играчи. Шампион на вториот турнир беше Џорџ Кампурлидис од Грција.
– Додека нашиот претставник Блендијан Ќазими од Кичево е новиот јуниорски шампион до 19 години кој ги собори резултатските рекорди. Најпрво го совлада бугарскиот претставник со 4:0, потоа 0:4 одигра со претставникот од Македонија – Линдон Садики, Ирис Гаши и Мак Шеху од Косово ги надигра со 7:6, односно 4:7, за на крај во големото финале со младиот учесник од Македонија – Андреј Ѓурчиноски да одигра маестрален меч кој заврши со 7:4 во полза на кичевчанецот Ќазими, претсавник од реномираниот и најдобар билиард клуб во Кичево и околината „Предатор“
– Многу ми значи оваа награда, трудот кој го вложив заедно со мојот тим од „Предатор“ и мојот татко се разбира, на крај се покажа дека е корисен, така што оваа прилика ја користам да им се заблагодарам и јавно да истакнам дека тука нема да застанеме, продолжуваме кон нови успеси заедно, на кратко за нашиот медиум истакна младиот Бленди од Кичево
Покрај трофејот и парите од наградите, бесплатен влез на Евро Тур обезбеден беше од EPBF и Балканската Билјард Асоцијацијација за финалистите на турнирот Џорџ Кампурлидис и Христо Василевски.
Инаку третиот круг турнири за мажи и млади на Балканската Билјард Асоцијација ќе се одржи на 12.11.05.2024 година во Петрич, Бугарија.
Спорт
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“

Пред вечерашниот пријателски дуел во Прага против Саудиска Арабија, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го сподели своето мислење за значењето на натпреварот и очекувањата пред квалификацискиот пресмет со Лихтенштајн.
Елмас беше дециден дека ваквите натпревари се далеку од формалност:
– „За мене и за целата репрезентација пријателски средби не постојат. Секој натпревар е важен тест за тоа колку сме подготвени и што треба да подобриме. Саудиска Арабија е сериозен противник, добро ги анализиравме нивните настапи и знаеме дека мора да бидеме максимално концентрирани. Овој дуел доаѓа во вистински момент. Ќе ни помогне да влеземе во вистински ритам пред натпреварот со Лихтенштајн. Се чувствувам подготвен и мотивиран, бидејќи по подолго време повторно ќе бидам дел од меч со голема тежина.“
Елмас посочи и на клучните карактеристики на денешниот ривал: „Саудиска Арабија игра со многу посед и знае добро да ја контролира топката. За нас тоа значи дека ќе мора да реагираме брзо и дисциплинирано. Сепак, ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.
Секој настап за Македонија ми е дополнителен мотив. Верувам дека оваа средба ќе ни донесе многу искуство и позитивна енергија за она што следува.“
Извор: ФФМ
Спорт
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката и сакаат да бидат дел од вистинска спортска приказна. Во тек се уписи за момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 17 години, а ова е идеална можност секој млад спортист да ги направи своите први чекори на кошаркарскиот терен.
Нашата мисија е преку спортот да создадеме силни личности, вистински другарства и да им помогнеме на младите да ја развијат својата љубов кон кошарката, за Порта.мк истакнаа искусните тренери.
Зошто да станеш дел од КК Баскет Кичево?
- Ќе тренираш со лиценцирани и искусни тренери кои ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе.
- Ќе имаш можност да стекнеш нови пријателства и да бидеш дел од тим што се поддржува и напредува заедно.
- Секој тренинг е чекор напред – ќе учиш, ќе се надградуваш и ќе растеш и како кошаркар и како личност.
Твојот прв кош е само почеток – со нас ќе ги поставиш темелите на својата спортска иднина!
📞 За уписи и повеќе информации, контактирајте ги тренери:
- 075/525-774 – Војне Савески
- 078/424-238 – Александар Димитров
🚀 Не ја пропуштај шансата! Приклучи се и стани дел од КК „Баскет Кичево“ – клубот каде што талентот расте, а соништата допрва стануваат реалност!
Спорт
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска спроведе најголема досега донација на спортска опрема наменета за младинските екипи што се натпреваруваат во рамките на системот на ФФМ. Вкупно 42 клуба од Супер младинската лига, како и од Втората и Третата младинска лига, добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци) и дополнително по 30 фудбалски топки.
На свеченото доделување, што се одржа во „Куќа на фудбалот“, присуствуваа претставници на клубовите, а чест да ги поздрават имаа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и фудбалските легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов, кои испратија порака за понатамошна поддршка и заеднички развој на младинскиот фудбал.
Со оваа донација опфатени се 1.848 млади фудбалери, а нејзината вкупна вредност изнесува околу 150.000 евра, средства целосно обезбедени од ФФМ.
Повеќе за ова ќе најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)
-
Кичево1 ден
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Македонија1 ден
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици
-
Автомобили1 ден
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година
-
Магазин1 ден
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос