Следете не

Спорт

Младата фудбалска репрезентација на Македонија денес официјално започнува во поход за пласман на Европско летово во С.Ирска

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 19 години денес го започнува походот за пласман на Европско првенство кое следната година ќе се одржи од 15 до 25 јули во Северна Ирска. Нашите млади фудбалери во првото коло од групата 7 во рамките на мини квалификацискиот турнир, на домашен терен ќе се соочат со силната селекција на Украина.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски денеска го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар со Украина.

Тони Јакимовски, селектор на Македонија до 19 години;

-Мислам дека можеме да го повториме успехот, подготвени сме да одговориме на предизвикот. Се соочуваме со проблеми околу повредени фудбалери. Нема да можеме да сметаме ниту на Елмас за овој турнир. Што се однесува до Даниел Марковски, тој е под знак прашање. Ќе се обидеме да направиме се што е во наша моќ за да го оспособиме за утрешниот натпревар.

Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата, нешто што не красеше и на квалификацискиот турнир во Полска. Желбата и мотивацијата кај фудбалерите се на едно највисоко ниво. Иако групата на прв поглед е неатрактивна, меѓутоа е многу силна. Се надевам дека ќе одиграме тимски и ќе дадеме се од себе. Верувам во успех.

Мартин Ѓоргиевски, капитен на Македонија до 19 години;

-Свесни сме за приликата која ни се укажува, а тоа е можност за пласман на Европско првенство. Не знам дали некогаш повторно би имале прилика да се бориме за нешто толку големо и значајно за Македонија. Се подготвуваме, денеска го имаме последниот тренинг пред утрешниот меч. Знаеме дека не очекува тежок натпревар против Украина, но ние сме подготвени, со нетрпение го очекуваме утрешниот меч и се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат.

Адриан Зенделовски, фудбалер на Македонија до 19 години;

-Имаме навистина силен тим, веруваме многу во нас и тоа ќе го покажеме на претстојните натпревари. Ја остваривме целта на квалификацискиот турнир во Полска за пласман во Елитната фаза, сега ни преостанува да се обидеме да одиграме уште еден добар меч и да се избориме за пласман на Европско првенство.

Во вториот меч од групата 7 во рамките на мини квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство играат селекциите на Швајцарија и Летонија.

Спорт

ФФМ донесе значајна одлука, клубовите на „ВМФЛ“ нема да плаќаат котизација, „ФК Преспа“ доаѓа на местото од „ФК Беса“ која се откажа од натпреварувањата

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија донесе значајна одлука – клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига повеќе нема да имаат обврска да плаќаат котизација за учество во сезоната.

По речиси 15 години, ова е првпат второлигашите да бидат ослободени од оваа финансиска давачка. Одлуката е резултат на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, со цел да се подобрат условите за функционирање на клубовите, да се намалат трошоците и да се поттикне развојот на натпреварувањето.

Со оваа мерка, клубовите се ослободуваат од вкупна сума од 128.000 евра по сезона – директна поддршка за нивната финансиска стабилност и развој.

Во дополнение, откако ФК Беса 1976 потврди дека нема да се натпреварува во сезоната 2025/26, ФФМ одлучи испразнетото место да го пополни ФК Преспа. Со тоа се обезбедува континуитет на лигата, зачувување на натпреварувачката рамнотежа и доследно почитување на принципите на фер-плеј, истакнаа од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“

Објавено пред

на

©porta.mk

Третолигашот „ФК Напредок“ од Кичево се чини дека овој пат сериозно го фати вистинскиот ритам и стабилна средина. Нивната цел е јасна, да се вратат на победничките патеки, преку втора лига и се разбира во најсилната прва лига во натпреварувањата.

Се уредува стадионот, клубот како што е познато веќе ја има покрај себе и новата управа која ветува многу. Подмладен состав од искусни фудбалери, но и повраток на поискусните кои не беа дел, а сега се помеѓу останатите.

 

Бобан Дујковиќ е новиот кормилар на клубот, во тандем со искусните легенди во стручниот штаб, ќе го води најдобриот состав на кичевчани во претстојната сезона. Искусниот стратег за Порта.мк откри низа новости, позитивни ветришта кои побудуваат прекрасни чувства на секој еден љубител на фудбалот, така што ние веруваме дека за брзо, ќе дојде ден град Кичево повторно ќе прерасне во место на фудбалот, каде во недела ќе бидат сите на градски. Иако почетоците се секогаш тешки, Дујковиќ ќе стори се да се врати довербата помеѓу играчите, управата, „Ѓаоли“ и кичевчани.

Порта.мк упатува честитки, посакува само успеси и плодна работа, која несомнено ќе носи резултати кои „ФК Напредок“ и Кичево заслужуваат, време е!

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонскиот „дијамант“ повторно пред вратите на Наполи? Тоа би било посебен момент за клубот и неговите фанови

Објавено пред

на

©porta.mk

Торино продолжува со обидите да го доведе Елиф Елмас назад во своите редови, но трансферот се соочува со сериозни пречки. РБ Лајпциг, актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец, не е подготвен да дозволи уште една позајмица, што ги комплицира плановите на италијанскиот клуб.

Елмас минатата сезона ја заврши како позајмен играч во Торино, каде што во 13 натпревари постигна четири гола и остави одличен впечаток. Иако самиот фудбалер е заинтересиран да остане во клубот, германскиот тим смета дека може да добие поповолна понуда од друг клуб, што ги отежнува шансите на Торино.

– Во меѓувреме, изненадувачки се појави Наполи како потенцијална дестинација за Елмас. Клубот, каде што тој настапуваше од 2019 до почетокот на 2024 година, повторно го разгледува неговото враќање, особено поради неговата разноврсност и способност да постигнува и асистира од средниот ред. Навивачите сè уште го паметат со симпатии, што би го олеснило неговото адаптирање.

Наполи веќе се интересираше за него во јануари, но тогаш немаше слободни места во тимот. Сега, со Антонио Конте на чело и потребата од играч со квалитетите на Елмас, неговото враќање би било посебен момент и за клубот и за фановите, пренесува gazetaexpress.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за среда (20 август)

ОВЕН Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и...

Македонија17 часа

МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило

На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се...

Автомобили19 часа

Фолксваген продаде 1,5 милиони електрични автомобили и најави поевтини модели

Фолксваген постигна нов историски успех во преминот кон електрична мобилност – електричниот автомобил со сериски број 1.500.000 од семејството ID...

Lifestyle19 часа

Домашен сок од грозје – рецепт што враќа во детството

Ако сакате пијалок со природен вкус и арома, кој ќе ве потсети на детството, домашниот сок од грозје е вистинскиот...

Lifestyle19 часа

Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна

Во текот на летото, високите температури и лесната облека бараат да останеме свежи подолго. Но, многу луѓе прават несвесни грешки...

Lifestyle19 часа

Како да ги направите крпите повторно меки со едноставен трик

Крпите се едни од најчесто користените текстилни предмети во секое домаќинство. Секојдневно ги земаме во раце, очекувајќи да бидат меки,...

Спорт20 часа

ФФМ донесе значајна одлука, клубовите на „ВМФЛ“ нема да плаќаат котизација, „ФК Преспа“ доаѓа на местото од „ФК Беса“ која се откажа од натпреварувањата

Фудбалската федерација на Македонија донесе значајна одлука – клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига повеќе нема да...

Автомобили20 часа

Што знаеме за легендарниот „BMW E21“ кој ги освои сите симпатии на експертите и купувачите

Првата BMW Серија 3 (E21), претставена во 1975 година, создаде сосема нова класа на возила и стана најпродаваниот премиум автомобил...

Култура21 час

Денес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!

Празникот Преображение Господово се вбројува меѓу големите празници што ги чествува Православната Црква. Покрај неговото богословско значење, Преображението има и...

Македонија22 часа

(ФОТО) Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога

На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22)...

НАЈЧИТАНИ