Македонија
Од среда целосно затворање на делница Прилеп – Битола државен пат „P1101“

Времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола“ и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата, истакна АМСМ.
Македонија
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“

Од АМСМ информираат дека на 23 и 24 август 2025 година, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, на регионалниот пат Р-1306 Кривогаштани – Прилеп, поради одржување на меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“, сообраќајот ќе биде во прекин.
Сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативни патишта.
Македонија
Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за огромна сума на евра и швајцарски франци

На 21.08.2025 во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакна МВР.
Македонија
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, лишени од слобода две лица

Денеска (21.08.2025) околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички.
Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик, истакна МВР.
-
Хроника1 ден
Кичево и кичевско во тага по страшната трагедија која се случи вчера, каде по пад од четирицикл две малолетнички ги изгубија своите животи
-
Кичево9 часа
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (23 август)
-
Македонија1 ден
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“
-
Македонија1 ден
Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за огромна сума на евра и швајцарски франци
-
Спорт1 ден
Утре започнува првото коло во втората македонска фудбалска лига, според новите правила само шампионот обезбедува место во ПМФЛ
-
Хроника11 часа
Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија
-
Временска прогноза2 дена
Западните предели променливо облачно со засилен ветер и пороен дожд