Спорт
Браво девојки! Македонската женска фудбалска селекција до 19 години се пласираше во „Лига А“ за пласман на Европското првенство

Македонската женска репрезентација до 19 години славеше победа против Велс со 2:1. Со максимални три победи селекцијата на Астрит Мерко обезбеди место во Лига А квалификации за пласман на Европско првенство.
Македонија во воведните две кола од турнирот во Молдавија запиша победи против Молдавија (4:0) и Литванија (2:0). Извлекувањето на противниците за септемвриските квалификации за пласман на Европско првенство, нашата репрезентација ќе ги добие од Лига А.
На мечот против Велс кој решаваше за првото место, Катерина Петкова и Веса Села беа стрелци на головите. Петкова веќе во 2. минута донесе наше водство, Франсис израмни на 1:1 во 21. минута. Во 50. минута, Веса Села го даде голот за победа на Македонија.
Македонија до 19 години: 1. K. Павловска, 6. Ѓоргиева, 4. Петкова, 3. Блажевска (76` Веселинова), 15. J. Павловска, 10. Панеска (76` Андонова), 19. Мејер, 7. Јованоска, 9. Села, 8. Јосифова (90` Боризова), 13. Милевска (46` Далческа); Селектор: Астрит Мерко
Извор: ФФМ
Спорт
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска спроведе најголема досега донација на спортска опрема наменета за младинските екипи што се натпреваруваат во рамките на системот на ФФМ. Вкупно 42 клуба од Супер младинската лига, како и од Втората и Третата младинска лига, добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци) и дополнително по 30 фудбалски топки.
На свеченото доделување, што се одржа во „Куќа на фудбалот“, присуствуваа претставници на клубовите, а чест да ги поздрават имаа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и фудбалските легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов, кои испратија порака за понатамошна поддршка и заеднички развој на младинскиот фудбал.
Со оваа донација опфатени се 1.848 млади фудбалери, а нејзината вкупна вредност изнесува околу 150.000 евра, средства целосно обезбедени од ФФМ.
Повеќе за ова ќе најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)
Спорт
Офанзивецот на „црвените ѓаволи“ на чекор до шпански Бетис

Бразилскиот офанзивец на Манчестер Јунајтед, Антони, се наоѓа на чекор до повторно приклучување во редовите на Бетис, откако двата клуба најдоа заеднички јазик околу надоместокот за трансферот.
Според информациите на „Атлетик“, англискиот клуб ќе инкасира 25 милиони евра од продажбата, а ќе задржи и 50% од евентуалната негова идна препродажба.
Со ова решение е надмината клучната пречка – андалузискиот тим немаше финансиска моќ да понуди повеќе, но доколку Антони повторно заблеска во зелено-белиот дрес, Јунајтед може да оствари дополнителна заработка.
Антони пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година од Ајакс за 95 милиони евра, каде повторно соработуваше со својот поранешен тренер Ерик тен Хаг. Сепак, тешкотиите со адаптацијата и ограничената минутажа, дополнети со недоразбирањата со новиот стратег Рубен Аморим, доведоа до тоа неговото заминување да стане неизбежно.
Минатата пролет 25-годишникот настапуваше како позајмен играч во Бетис и остави одличен впечаток – на 26 средби постигна 9 погодоци и запиша 5 асистенции. Од тој момент клубот од Севилја постојано настојува да го врати во своите редови, но Јунајтед инсистираше на повисока сума.
Сега, откако не е дел од плановите на Аморим, постигнат е компромис и Бразилецот ќе се врати на „Бенито Виљамарин“.
Во меѓувреме, Бетис ја започна новата сезона во Ла Лига со осум бодови по првите четири натпревари и по паузата за репрезентативни настапи го очекува гостување кај Леванте.
Извор: thesun
Спорт
Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија

Кошаркарската селекција на Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја Литванија со убедливи 107:88 во рамки на третото коло од групата Б.
Главна фигура на натпреварот беше Денис Шредер, кој блескаше со 26 поени и 10 асистенции, а покрај него се истакна и Франц Вагнер со 24 поени и 7 скока. Даниел Тајс имаше беспрекорно издание – постигна 23 поени со шут 9/9 од игра. На спротивната страна, Рокас Јокубаитис беше најефикасен за Литванија со 20 поени, додека Јонас Валанчиунас придонесе со 14.
Сепак, дуелот не мина без сенка. За време на паузата на полувремето, дел од литванските навивачи се однесуваа расистички кон темнокожите играчи на германската репрезентација.
🇩🇪 Dennis Schroder revealed that he was the target of “monkey noises” during the game against Lithuania!
Racism has no place in sports or in real life ✊🏿 pic.twitter.com/ARwFIKqCe5
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) August 30, 2025
– „Навистина е разочарувачки – се слушаа непристојни звуци од трибините. Тоа нема место ниту во кошарката, ниту во било кој спорт,“ изјави Шредер за МагентаСпорт по натпреварот. Тој додаде дека некои навивачи биле отстранети од арената, а ваквите инциденти спореди со ситуациите што ги доживува Винисиус Жуниор во фудбалот.
Неговиот соиграч Исак Бонга рече дека не ги забележал навредите бидејќи бил фокусиран на играта, додека помошниот тренер Алан Ибрахимагиќ потврди дека во соблекувалната немало дискусија на оваа тема.
Со овој триумф, Германија останува непоразена и го зацврстува првото место во групата, додека Литванија падна на скор од две победи и еден пораз
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (31 август)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Кичево2 часа
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Хороскоп20 часа
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Скопје2 дена
Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, девет полициски службеници завршија на токсикологија
-
Македонија10 часа
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Автомобили1 ден
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар