Спорт
Македонската „А“ женска фудбалска репрезентација поразена од фаворитот Словенија
																								
												
												
											Македонската женска А репрезентација загуби од Словенија во натпревар од 2. коло во групата Ц од квалификациите за пласман на ЕП. На тренинг центарот “Петар Милошевски”, Словенија славеше со 5:0.
Словенечките фудбалерки ја оправдаа улогата на фаворитки на овој меч откако веќе по првото полувреме обезбедија предност од 2:0.
Каја Корошец во 23. минута и Матеја Звер во 29. минута ги дадоа головите за гостинките. Во првиот дел, нашата селекција имаше две прилики преку Гентјана Рочи и Павлина Николовска. Голманката Панчурова имаше неколку добри интервенции по првите 45. минути.
Во второто полувреме, Лара Прашникар во 56. минута го постигна голот за 0:3, а последните два погодоци за Словенките ги постигнаа Кајзба и Колбл во 84. и 88. минута.
На воведниот натпревар во групата, македонската репрезентација славеше гостинска победа против Летонија со 4:3.
Македонија: 1. В. Панчурова, 16. В. Недева, 20. И. Лимани, П. Николовска, 15. Е. Паневска (53’ Петровска), 14. М. Нацева (70’ Шопов), 8. А. Марковска, 10. Н. Андонова, 4. Р. Велкова (46’ Мустафа), 9. И. Максути, 7. Г. Рочи; Селектор: Александар Андов
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
														Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
Спорт
Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
														Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.
Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.
На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.
Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.
Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).
Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
														Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
- 
																	
										
																					Македонија2 денаМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
 - 
																	
										
																			Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (3 октомври)
 - 
																	
										
																			Кичево17 часаД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
 - 
																	
										
																			Хороскоп12 часаХороскоп за вторник (4 ноември)
 - 
																	
										
																			Технологија2 дена„Google Maps“ има нова корисна функција
 - 
																	
										
																			Lifestyle24 часаКако да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
 - 
																	
										
																			Магазин24 часаGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
 - 
																	
										
																			Магазин1 денXiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот
 
