Следете не

Спорт

ФФМ денес одржува редовно генерално собрание, каде свое обраќање имаа претставници на УЕФА кои ја пофалија досегашната работа и залагање за фудбалскиот развој

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија го одржува своето Редовно генерално Собрание. На Собранието пред присутните 58 од вкупно делегати, свое обраќање имаше претставникот на УЕФА, Јозеф Климент – советник за Национални асоцијации на УЕФА.

Одржувањето на цврста врска помеѓу фудбалот од грасрут и елитните натпреварувања e во срцето на новата шестгодишна стратегија на УЕФА, „Обединети за успех“. Со оваа стратегија УЕФА има за цел да го продолжи растот на фудбалот на нашиот континент со тоа што ќе обезбеди различност и вклученост на сите нивоа. Убедени сме дека приоритетите од новата стратегија ќе ја водат нашата убава игра во понатамошен раст и развој во Европа и ќе ги зачуваат принципите на спортски дух и еднакви можности во сите 55 асоцијации членки на УЕФА“.

„ФФМ е една од нив и искрено можам да кажам, една од најбрзо развојните национални асоцијации. Оваа година е многу посебна година бидејќи ја славите 30-годишнината откако станавте член на фудбалското семејство на ФИФА и УЕФА. 

Оттогаш, многу работи се сменија и на картата на вашата земја се појавија многу нови и реконструирани стадиони и терени. Многу сум среќен што, исто така, благодарение на средствата од програмата Хет-Трик на УЕФА, фудбалската инфраструктура во вашата земја постојано се подобрува што создава добри услови за подготовка не само за вашите национални тимови, туку и за започнување нови грасрут проекти за зголемување на учеството на момчињата и девојчињата и за поттикнување на талентирани елитни младински играчи кои се уште една стратешка цел на вашата федерација. 

На теренот, овој процес ги донесе своите плодови кога вашите национални тимови до 17 и до 19 години стигнаа до елитните рунди на натпреварувањата на УЕФА, тимот до 21 година го имаше своето деби во финалето на Европското првенство до 21 година во 2017 година и конечно кулминираше со националниот А тим кој обезбеди прво големо учество на финалниот турнир на УЕФА ЕУРО 2020 година.

Благодарение на сите овие достигнувања, ФФМ стана добро препознаена и почитувана од УЕФА. Би сакал да ви честитам за ова и во исто време да ви посакам се најдобро и многу ентузијазам за вашите понатамошни активности во развојот на фудбалот во вашата земја. 

И запомнете, УЕФА е секогаш покрај вас подготвена да помогне и со нетрпение ја очекуваме нашата соработка во иднина“. 

Исто така, регионалениот координатор на ФИФА за европските членки на Светската асоцијација, Мариот Гават се обрати пред присутните и го истакна следново:

Во 1994 година, Фудбалската федерација на Македонија се приклучи на ФИФА како членка. Оваа година славиме триесет години од соработката меѓу нашите две институции. 30 години пријателство, 30 години одлична соработка, соработка за која сум сигурна дека ќе продолжи да расте и во иднина. Користејќи ја оваа прилика, би сакал да подвлечам дека одличните односи на сите нивоа навистина се рефлектираат меѓу нашите раководства за развој на фудбалот во вашата прекрасна земја“.

„Уверени сме дека заедничката работа ќе има позитивно влијание за да го подигнеме фудбалот на повисоко ниво. Што се однесува до развојот на фудбалот, ФИФА е многу горда на бројните заеднички проекти што ги реализира со ФФМ во рамките на програмата ФИФА Форвард. Посебно сме задоволни што гледаме дека финансирањето на ФИФА е ефикасно насочено кон клучната компонента на фудбалскиот развој – инфраструктурата. Надградбата на капацитетите на тренинг центарот „Петар Милошевски“, вклучувајќи ги новите рефлектори и обновувањето на теренот, како и сместувањето за младинските академии на ФФМ, се јасен доказ за долгорочна визија и посветеност за негување таленти. Минатата година, ФИФА го започна третиот циклус на ФИФА Форвард, со што се зголемуваат средствата достапни за секоја асоцијација-членка од шест на осум милиони долари по циклус. Затоа, со нетрпение очекуваме да работиме рака под рака со ФФМ за да продолжиме да ги ставаме овие средства достапни за важни проекти за развој на фудбалот низ Македонија“.

Од спортски аспект, ви посакувам се најдобро во квалификациитена УЕФА за жени за ЕУРО 2025 против Молдавија на 31, мај и Летонија во јули. Се најдобро за вашата машка репрезентација, која ќе се соочи со Фарски Острови и Ерменија во Лига на нации во септември. За целата работа и силната соработка што ја споменав претходно, дозволете ми да ви се заблагодарам што рамо до рамо работевте заедно со нас во ФИФА и заедно се залагате за развојот на женскиот и машкиот фудбал насекаде и за сите“, за јавноста известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.

Свој говор имаше и претседателот на ФФМ, г-дин Муамед Сејдини, кој го истакна следново:

Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат  оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација.

Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме. Секако, за јавноста успехот на најдобрата репрезентација е мерило за успех и на федерацијата, но тоа сепак не е единствената обврска за нас. Затоа целта е да бидеме успешни и во другите сегменти за кои ФФМ треба да се грижи, да посветува време и внимание, да обезбедува и распределува средства и се разбира во активностите и проектите  да бидат вклучени сите фудбалски региони во државата.

Развојот на инфраструктуата треба да се шири и надвор од Скопје. Токму затоа инвестираме во терени во Дојран, Илинден, Липково, Тетово, Куманово и Радовиш,  изградба и реконструкција  на соблекувални во Илинден, Липково, Драчево, Свети Николе, Кравари, Велес, Демир Капија, Добридол, Куманово, Кичево и Кочани.

Сите ние во фудбалот сме долги години и на сите нас ни е јасно дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион. Успехот на терен го зголемува интересот и го враќа угледот на репрезентацијата. Заслужни за тоа се фудбалерите и стручниот штаб. Наша обврска е да им ги обезбедиме сите услови и сигурен сум дека е така. Но, наше е и да се стремиме кон добри резултати, посебно во Лига на нации во група во која објективно сме фаворити. Убеден сум дека истото го мислат и селекторот и стручниот штаб во А селекцијата.

Во рамки на федерацијата, знаете и сите вие, стремежот е секој оддел да има своја автономија. Почнувајќи од натпреварувачката комисија, младинските сектори или Комисијата за женски фудбал, па се до Судиската организација. Тоа значи и поголема одговорност за сите нив. Сите тие сметам дека професионално ја вршат својата работа и поради тоа  Федерацијата е  брана за сите евентуални удари кон нив.

Она на што особено сум горд се пријателствата и контактите што ги имаме во Европа и Светот. Имаме исклучителен однос со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и со останати влијателни луѓе од УЕФА и ФИФА. Тие знаат дека во ФФМ имаат сигурен партнер за сите идни проекти. Тоа е од взаемна корист. Во година во која одбележуваме три децении од членството во УЕФА, не можевме ниту да сонуваме подобар однос со Европската фудбалска асоцијација.

Тука сме и со кренати глави стоиме пред вас претставувајќи го извештајот за постигнатите резултати согласно планираното. Работиме со континуитет и ќе продолжиме да инвестираме пред се во инфраструктурата. Лигата е интересна и неизвесна, а вложувањата во младинскиот и женскиот фудбал се најголеми во историјата. Извештајот што го имате пред вас најдобро го покажува обемот на активности и проекти на Фубдалската федерација на Македонија.

Од се срце им благодарам на сите вработени во ФФМ, на Вас, делегатите на Собранието и членовите на Управниот одбор, на клубовите, тренерите, фудбалерите, судиите и целиот фудбалски персонал за придонесот во развојот на македонскиот фудбал. За мене, вашиот квалитет и работа ја надминува реалната рамка на државата. Она што заеднички го правиме е над сите очекувања. Потврда за тоа е видеото во кое ги гледаме најголемите инвестиции на ФФМ во изминатиот период. Штип, Велес. Охрид, Чаир, Битола, Чепчиште, Скопје.

Уште еднаш благодарност до сите вас што ја прифаќате основната улога и функција на фудбалот. Да не зближува. Нас луѓето и нациите“.

Спорт

ФФМ донесе значајна одлука, клубовите на „ВМФЛ“ нема да плаќаат котизација, „ФК Преспа“ доаѓа на местото од „ФК Беса“ која се откажа од натпреварувањата

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија донесе значајна одлука – клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига повеќе нема да имаат обврска да плаќаат котизација за учество во сезоната.

По речиси 15 години, ова е првпат второлигашите да бидат ослободени од оваа финансиска давачка. Одлуката е резултат на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, со цел да се подобрат условите за функционирање на клубовите, да се намалат трошоците и да се поттикне развојот на натпреварувањето.

Со оваа мерка, клубовите се ослободуваат од вкупна сума од 128.000 евра по сезона – директна поддршка за нивната финансиска стабилност и развој.

Во дополнение, откако ФК Беса 1976 потврди дека нема да се натпреварува во сезоната 2025/26, ФФМ одлучи испразнетото место да го пополни ФК Преспа. Со тоа се обезбедува континуитет на лигата, зачувување на натпреварувачката рамнотежа и доследно почитување на принципите на фер-плеј, истакнаа од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“

Објавено пред

на

©porta.mk

Третолигашот „ФК Напредок“ од Кичево се чини дека овој пат сериозно го фати вистинскиот ритам и стабилна средина. Нивната цел е јасна, да се вратат на победничките патеки, преку втора лига и се разбира во најсилната прва лига во натпреварувањата.

Се уредува стадионот, клубот како што е познато веќе ја има покрај себе и новата управа која ветува многу. Подмладен состав од искусни фудбалери, но и повраток на поискусните кои не беа дел, а сега се помеѓу останатите.

 

Бобан Дујковиќ е новиот кормилар на клубот, во тандем со искусните легенди во стручниот штаб, ќе го води најдобриот состав на кичевчани во претстојната сезона. Искусниот стратег за Порта.мк откри низа новости, позитивни ветришта кои побудуваат прекрасни чувства на секој еден љубител на фудбалот, така што ние веруваме дека за брзо, ќе дојде ден град Кичево повторно ќе прерасне во место на фудбалот, каде во недела ќе бидат сите на градски. Иако почетоците се секогаш тешки, Дујковиќ ќе стори се да се врати довербата помеѓу играчите, управата, „Ѓаоли“ и кичевчани.

Порта.мк упатува честитки, посакува само успеси и плодна работа, која несомнено ќе носи резултати кои „ФК Напредок“ и Кичево заслужуваат, време е!

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонскиот „дијамант“ повторно пред вратите на Наполи? Тоа би било посебен момент за клубот и неговите фанови

Објавено пред

на

©porta.mk

Торино продолжува со обидите да го доведе Елиф Елмас назад во своите редови, но трансферот се соочува со сериозни пречки. РБ Лајпциг, актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец, не е подготвен да дозволи уште една позајмица, што ги комплицира плановите на италијанскиот клуб.

Елмас минатата сезона ја заврши како позајмен играч во Торино, каде што во 13 натпревари постигна четири гола и остави одличен впечаток. Иако самиот фудбалер е заинтересиран да остане во клубот, германскиот тим смета дека може да добие поповолна понуда од друг клуб, што ги отежнува шансите на Торино.

– Во меѓувреме, изненадувачки се појави Наполи како потенцијална дестинација за Елмас. Клубот, каде што тој настапуваше од 2019 до почетокот на 2024 година, повторно го разгледува неговото враќање, особено поради неговата разноврсност и способност да постигнува и асистира од средниот ред. Навивачите сè уште го паметат со симпатии, што би го олеснило неговото адаптирање.

Наполи веќе се интересираше за него во јануари, но тогаш немаше слободни места во тимот. Сега, со Антонио Конте на чело и потребата од играч со квалитетите на Елмас, неговото враќање би било посебен момент и за клубот и за фановите, пренесува gazetaexpress.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за среда (20 август)

ОВЕН Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и...

Македонија14 часа

МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило

На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се...

Автомобили16 часа

Фолксваген продаде 1,5 милиони електрични автомобили и најави поевтини модели

Фолксваген постигна нов историски успех во преминот кон електрична мобилност – електричниот автомобил со сериски број 1.500.000 од семејството ID...

Lifestyle16 часа

Домашен сок од грозје – рецепт што враќа во детството

Ако сакате пијалок со природен вкус и арома, кој ќе ве потсети на детството, домашниот сок од грозје е вистинскиот...

Lifestyle16 часа

Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна

Во текот на летото, високите температури и лесната облека бараат да останеме свежи подолго. Но, многу луѓе прават несвесни грешки...

Lifestyle16 часа

Како да ги направите крпите повторно меки со едноставен трик

Крпите се едни од најчесто користените текстилни предмети во секое домаќинство. Секојдневно ги земаме во раце, очекувајќи да бидат меки,...

Спорт17 часа

ФФМ донесе значајна одлука, клубовите на „ВМФЛ“ нема да плаќаат котизација, „ФК Преспа“ доаѓа на местото од „ФК Беса“ која се откажа од натпреварувањата

Фудбалската федерација на Македонија донесе значајна одлука – клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига повеќе нема да...

Автомобили17 часа

Што знаеме за легендарниот „BMW E21“ кој ги освои сите симпатии на експертите и купувачите

Првата BMW Серија 3 (E21), претставена во 1975 година, создаде сосема нова класа на возила и стана најпродаваниот премиум автомобил...

Култура18 часа

Денес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!

Празникот Преображение Господово се вбројува меѓу големите празници што ги чествува Православната Црква. Покрај неговото богословско значење, Преображението има и...

Македонија19 часа

(ФОТО) Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога

На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22)...

НАЈЧИТАНИ