Следете не

Социјални мрежи

Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите

Објавено пред

на

Врховниот суд на Бразил ѝ даде рок на платформата Х (Твитер) до петок да објасни зошто не ги почитува претходните пресуди со кои се наложува да блокира некои сметки. Одлуката е дел од истрагата што ја започна претходно овој месец судијата Александар де Мораес против сопственикот на Твитер, Илон Маск, откако милијардерот рече дека повторно ќе ги активира сметките што судијата ги наредил да бидат блокирани.

Извештајот на бразилската федерална полиција што го виде Ројтерс покажа дека сметките за кои локалните судови наредиле блокирање сè уште биле активни на платформата од почетокот на април, што е во спротивност со претходната изјава на компанијата.

Од претставникот на социјалната мрежа се бара да се изјасни за неусогласеноста наведена во извештајот поднесен од полицијата“, напиша Мораеш во одлуката.

Мораеш ги истражува „дигиталните милиции“ обвинети за ширење лажни вести и пораки на омраза за време на владата на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, а исто така ја води истрагата за наводниот обид за државен удар на Болсонаро.

Претходно, адвокатите кои ја застапуваа платформата на Маск изјавија дека платформата блокирала 226 сметки од 2022 година, по налог на суд или највисокиот изборен суд во Бразил, додавајќи дека сметките и понатаму се блокирани и не смееле да емитуваат видеа во живо.

Адвокатите исто така рекоа дека Твитер ќе ја почитува секоја одлука на двата суда.

Извор: kurir.rs

Социјални мрежи

„WhatsApp“ воведува превод на пораки директно во апликацијата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io

WhatsApp“ почна да воведува нова функција што им овозможува на корисниците да преведуваат пораки директно во разговорите, достапна за „Android“ и „iPhone“. Преводот се врши локално на уредот, што значи дека пораките остануваат енкриптирани и „WhatsApp“ нема пристап до нивната содржина.

Функцијата може да се користи во приватни разговори, групи и канали. За превод на пораката, корисникот треба само долго да ја притисне и да избере „Преведи“.

Покрај поединечните преводи, корисниците на „Android“ можат да активираат и автоматски превод за целиот разговор, па сите идни пораки ќе се прикажуваат на избраниот јазик веднаш.

Според официјален блог-пост на компанијата, целта на новата функција е да се олесни комуникацијата меѓу повеќе од три милијарди корисници во над 180 земји, без оглед на јазичните бариери.

Функцијата е веќе достапна на „Android“ и „iPhone“. На Android се поддржани шест јазици: англиски, шпански, хинди, португалски, руски и арапски. На „iPhone“, пак, корисниците можат да преведуваат на арапски, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, мандарински, полски, португалски, руски, шпански, тајландски, турски, украински и виетнамски.

Сè уште не е познато кога функцијата ќе стане достапна на „WhatsApp Web“ или на десктоп апликациите за „Windows“ и „Mac“, објави TechCrunch.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Thomas Jensen

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.

Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.

 

Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.

Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

„WhatsApp“ со нови функции за подобрено корисничко искуство

Објавено пред

на

ФОТО: Pathum Danthanarayana @ Unsplash.com

WhatsApp неодамна претстави неколку новини кои треба да ја подобрат комуникацијата и интеракцијата меѓу корисниците, особено во деловите „Четови“, „Повици“ и „Ажурирања“. Овие нови можности ќе се појавуваат постепено кај корисниците на Android и iOS во наредните недели.

Една од најзабележливите промени е воведувањето на анимирани емоџиња, кои додаваат живот и израз на разговорите. Дополнително, корисниците сега можат да креираат сопствени анимирани налепници користејќи видеа, што претставува нов и креативен начин на изразување преку пораки.

Новитет има и кај аватарите – можно е споделување налепници со аватари во приватни разговори со луѓе што исто така користат аватари.

Процесот на создавање групи е поедноставен – доволно е само да се внесе името на групата, а додавањето членови или споделување на покана може да се направи подоцна.

Кај споделување повеќе фотографии или видеа одеднаш, корисниците сега можат да стават заеднички опис за целата колекција, а примачите можат да реагираат или одговорат на секоја поединечно или на сите заедно.

Во видео повиците, додадени се шест нови филтри и шест визуелни ефекти кои го збогатуваат визуелното искуство, како за самите повици, така и за фотографиите направени за време на повикот.

Кај каналите, администраторите сега можат да додаваат слики во анкетите, што ги прави попривлечни и поангажирачки. Исто така, корисниците имаат можност да ги означат со ѕвезда омилените објави за полесно да им пристапат подоцна.

Ажурирањата на статусите се надградени – сега може да се означат цели групи, не само индивидуални контакти. Секој член на означената група ќе добие известување и ќе може да го сподели статусот на својот профил.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија6 минути

Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!

Во сабота по повод „11-ти октомври“, Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. Истиот е предвиден да започне од...

Фото: Charlie Deets @ unsplash Фото: Charlie Deets @ unsplash
Автомобили2 часа

Tesla воведува поевтини модели: Дали тоа ќе ја зголеми продажбата?

По официјалната презентација на новите поевтини модели, цената на акциите на Tesla падна. Иако компанијата конечно претстави попристапни верзии на...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин2 часа

Инсталацијата на Windows 11 станува сложена, потребни се интернет и сметка на Microsoft!

Microsoft целосно ги укина сите начини за инсталирање на Windows 11 без интернет-врска и сметка на Microsoft. Од сега, интернет...

Фото: Judy Beth Morris @ unsplash Фото: Judy Beth Morris @ unsplash
Lifestyle2 часа

Не ја потценувајте моќта на друштвените игри: Еве како тие им користат на децата и ги учат да бидат подобри луѓе

Друштвените игри често ги гледаме само како забава, но нивното влијание врз децата е многу подлабоко. Додека се смеат, ги...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин2 часа

5 телефони со најдобри звучници во 2025 година

Во 2025 година паметните телефони нудат звук што се приближува до квалитетот на наменски преносни звучници – од длабок бас...

Фото: Heidi Fin @ unsplash Фото: Heidi Fin @ unsplash
Магазин2 часа

Spotify воведува нови правила за музика со вештачка интелигенција и антиспам

Spotify објави нов сет на политики насочени кон музиката создадена со вештачка интелигенција (ВИ) и спречување на спам содржини на...

Кичево3 часа

Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“

Ноќеска нешто по 4 часот до „ТППЕ Кичево“ примен бил повик за настанат пожар во приватен објект лоциран во кичевската...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за среда (8 октомври)

ОВЕН Ќе ви биде доста тешко да ги контролирате емоциите, особено кога станува збор за љубовни интереси и односи со...

Кичево15 часа

Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги

Почитувани граѓани, по одржаната средба со сите бербери од градот, е донесена заедничка одлука за усогласување и промена на ценовникот...

Хроника23 часа

По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ

Познатиот пејач Халид Бешлиќ почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, по подолга и тешка болест поради која беше...

НАЈЧИТАНИ