Кичево
Среќен роденден вулканизер и самопослужна автоперална „Виктор“, успешни 24 години постоење како сервис салон и 5 години ваше омилено место самопослужна автоперална

Авто-сервис & вулканизер „Виктор“ слави 24 години работа и традиција во град Кичево и 5 години самопослужна автоперална за вашите потреби и практично се дел од вашето секојдневние. Да потсетиме дека „Виктор“ прерасна во мултифункционален објект кој се занимава со авто-лимарија за сите ретки возила од светските производители, масла од највисок квалитет, хемиско чистење, како и професионално полирање во посебен дел од објектот.
Што се однесува до самопослужната автоперална перењето на вашиот автомобил во ниски температури не било никогаш полесно бидејќи „Виктор“ поседуваат режим на перење со топла вода кој беше на барање од ценети клиенти и дојде како новитет во нашиот град, кој дефинитивно се покажа како успешен во најладните месеци од годината.
Покрај вукланизерските сервиси, неможе а да не се каже дека „Виктор“ извршува успешно поправка и машинско исправување на бандажи, за таа дејност сме сведоци и ние, а и многу бројни клиенти кои не го кријат задоволството од Кичево но и надвор од градот.
– Во својот салон ги имаат врвно докажаните „CARBON“ акумулаторите под капата на „Monbat“ со 2 години гаранција по екстра цени.
– Изработка на патосници и навлаки за секаков вид на возило
– Тука не сме завршиле, „Виктор“ ви ги нуди и најдобрите цени на квалитетни гуми од богатиот избор на брендови брендовите „Continental, Michelin, Pirelli,Barum, Matador,Nexen,Toyo,Riken,Ling Long,Arrivo“ и останатите брендови кои можат да се порачаат и да бидат достапни за само еден ден.
За среќен роденден, денес преку ден редовните клиенти домаќините ги почестија со скромен поклон како и со бесплатно перење! За крај, погледнете го краткиот тизер ТУКА кој беше официјализиран на нивните социјални медиуми пред неколку денови!
Среќни и успешни години да се множат!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Магазин2 дена
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Автомобили22 часа
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Автомобили22 часа
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин22 часа
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон