Спорт
Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години
Како докажан филантроп Комерцијална банка ја продолжува соработката со Фудбалската федерација на Македонија со нов тригодишен договор за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за развој и успеси на македонскиот фудбал. Водени од мотото дека Полесно е заедно да стигнеме до нови успеси, Комерцијална банка верува дека со својата поддршка ќе обезбеди нов импулс за подобри услови, поголеми успеси и нови победи на македонските фудбалски репрезентации и воопшто на македонскиот фудбал.
– „Фудбалот носи магија во себе која обединува, која и невозможното го прави возможно, која се бори за победа и верува во успехот. И сето тоа вреди, не само за играчите кои живеат за фудбалот, туку и за навивачите, но и за општеството кое сака да се радува на заедничките успеси и победи. Фудбалот е тимска игра и фудбалерите најдобро знаат дека многу е полесно заедно да стигнат до посакуваната победа. Ние во Комерцијална банка исто така веруваме во заедничкиот успех и сакаме заедно да стигнеме до многу посакувани победи“, истакна д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка на прес-конференцијата по повод новиот тригодишен договор за спонзорство помеѓу Комерцијална банка и ФФМ.

Комерцијална банка официјално стана пријател на македонскиот фудбал во 2021 година, во пресрет на премиерното учество на Македонија на ЕУРО 2020 и во изминатите три години обезбеди значајна финансиска поддршка за фудбалските репрезентации и за негување на фудбалот како спортска активност која создава здрави, амбициозни и одговорни млади генерации.
По повод новата поддршка, директорот на А македонската репрезентација, Данчо Масев, изрази голема благодарност до Комерцијална банка.
„Партнерството кое го започнавме пред три години, а денеска го продолжуваме за нови три, претставува значаен придонес за промовирање и развој на спортот што сите го негуваме. Посветеноста на Комерцијална банка кон заедницата и промовирањето на здрави навики и вредности совршено се усогласува со нашите вредности и цели. Поддршката не само што ќе ни овозможи да ги подобриме нашите програми, туку и ќе биде поттик да ја инспирираме следната генерација фудбалски репрезентативци кон нови победи“, изјави Данчо Масев.
Во името на репрезентативците од машката А репрезентација благодарност изрази Столе Димитриевски.
„На сите нас ни е драго што партнер како Комерцијална банка останува со семејството на македонската фудбалска репрезентација. Ова партнерство е повеќе од само спонзорство, тоа е посветеност на тимска работа и заеднички вредности. Како фудбалер, ја знам важноста да се има силна поддршка и на теренот и надвор од него. Со Комерцијална банка покрај нас уверени сме дека ќе ги постигнеме нашите цели. Нивната посветеност на спортот и здравите општествени навики совршено се усогласува со нашата мисија“, порача Димитриевски.
Комерцијална банка е компанија која силно верува во домашната економија, во потенцијалите на домашните компании, во напредокот на нашето општество и на граѓаните, а и во иднината на македонскиот спорт. Затоа Банката е истакнат корпоративен филантроп и со својот придонес помага сето ова да стане возможно, полесно и побрзо, истакнаа од ФФМ, во интегралниот текст за јавноста.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
Спорт
Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.
Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.
На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.
Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.
Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).
Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
-
Македонија19 часаМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (2 ноември)
-
Македонија2 денаДодека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
-
Здравје и убавина1 денТреба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема
-
Хороскоп5 часаХороскоп за понеделник (3 октомври)
-
Технологија18 часа„Google Maps“ има нова корисна функција
