Временска прогноза
Метео анализа за лето 2024, пред нас пеколни горештини но и временски непогоди, ова се информациите

Со оглед на тоа дека летото сеуште календарски не е започнато, а од друга страна веќе се соочивме со првиот бран на многу високи температури на воздухот кои беа натпросечно високи за овој период од годината. Секако ова не значи дека пред нас е екстремно топло лето, напротив според долгорочните прогнози со кои ние располагаме ќе имаме едно нормално топло лето, што значи дека не очекуваме некои долготрајни топлотни бранови. Секако топлотните бранови ќе ги имаме и тие ќе условуваат многу високи температури на воздухот, но ќе траат пократко за разлика од изминатите години.
Тука се и временските непогоди кои ќе бидат почеста појава и ова лето, особено во јули и во август кога би можело да имаме и поголеми временски непогоди и натпросечно количество на врнежи за тие месеци.
Да напоменеме дека тука ни е и метеоролошкиот феномен „Ла Ниња“ која особено ќе добива на интензитет кон крајот на ова лето. Таа носи пониски температури и го лади Европскиот Континент, кај нас врнежите токму поради овој метеоролошки феномен во иднина ќе ги има повеќе.
Со оглед на тоа дека се работи за сезонска и долгорочна прогноза, граѓаните истата не треба да ја земаат здраво за готово и дека промени во истата се можни, што значи дека сезонските прогнози се со помала веројатност за остварување, истакна Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.
Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.
И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).
Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.
И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е и појава на силно невреме.
Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат и до околу, па и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски
-
Македонија15 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Магазин18 часа
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Хроника2 дена
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Македонија23 часа
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
Охридската полиција спаси четири лица од пловен објект, откако вчера им се скршил дел од едрилицата